05 Декември, 2025
0.0576

Заврши проектот за водокорисничкото право

Објавено во: Македонија 28 Март, 2013 13:24

Добивај вести на Viber

Донесување нови плански документи кои дополнително го олеснуваат пристапот до остварување на водното право, усогласување со европското законодавство, воспоставување нови стандарди, не само во заштитата на водните ресурси, туку и во начинот на соработка кај општествените чинители се главните резултати кои произлегоа од проектот „Подобрување на законската рамка за животната средина во делот на водокорисничкото право“.

Проектот се реализира како заедничка активност на МЖСПП и Центарот за еколошка демократија „Флорозон“, во соработка со Британската амбасада во Скопје. На завршната конференција на овој проект, денеска се обратија министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и амбасадорот на Обединетото Кралство Кристофер Ивон.

- Изготвени се подзаконски акти за формата и содржината на обрасците за добивање дозвола за користење и испуштање на водите, а нивната практична примена ќе биде предизвик и исчекор во административното работење. Подготвените упатства за поднесување барање за добивање дозвола за користење на водните ресурси и креирање на онлајн апликацијата и упатство на веб порталот на Министерството е нешто ново и ќе биде од голема корист за секој апликант, рече Адеми.

Она што се очекува понатаму, нагласи Адеми, е подготовка на единствен национален информативен систем за води, заснован врз влезни податоци и информации, точно дефинирани во простор и време, кои се производ на овој проект.

Амбасадорот Ивон истакна дека Британија ја поддржува Македонија во европската интеграција. Патот кон ЕУ интеграцијата, како што рече, бара имплементација на европски закони и барања, а тоа беше присутно и во последниот Извештај.

Тој посочи дека со овој проект ќе се овозможи поефикасно управување со водите, ќе се заштитува правото на граѓаните, правото на компаниите, ќе се знае за нивото на вода што смее да се користи, за количина и квалитет на вода.

Кирил Ристовски, програмски директор на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ потенцира дека е првпат една НВО од секторот екологија директно да влијае врз одредена промена на легислативата и притоа да го изменаџира на, како што рече, крајно транспарентен и демократски начин.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски