Заврши реконструкцијата на водоводот во Козле
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2012 17:23
Заврши реконструкцијата на третиот крак од водоводна мрежа на дел од улицата Козле, проект за кој се потрошија 1,5 милиони денари. Беше направена нова мрежа со профил Ф-100 милиметри и должина од 102,8 метри, а последната реконструкцијата опфати дислокација на водоводната мрежа, која претходно поминуваше низ имотот на дел од корисниците.Старите и дотраени цевки беа заменети со нови изаботени од дуктилно лиено железо.
Како што посочија од ЈП „Водовод и канализација“, проектот е дел од програмата на Јавното претпријатие за инвестирање и реконструкција на дотраените делови на водоводната мрежа. Покрај оваа инвестиција, во општина Карпош во населба Тафталиџе во завршна фаза е и реконструкцијата на водоводната мрежа по дел од улиците Њу Делхиска, Каирска, Римска и Алжирска во должина од 1.026 метри, информираа од претпријатието.Исто така посочија дека веќе е направена реконструкцијата на водоводната мрежа по дел од улицата Скупи, а се работело на водоводната мрежа и во населбата Бардовци и во Средно Нерези.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





