ЗАВРШИ СРЕДБАТА МЕЃУ ТРГОВЦИТЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА: Детали никој не споделува од средбата, најавуваат за подоцна
Објавено во: Економија 14 Февруари, 2025 13:34
Во Министерството за економија денеска се одржа средбата со претставници на новоформираната Стопанска комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун во врска со Предлог-одлуката за ограничување на маржите до 10 проценти во трговијата на мало и на големо.
Од Министерството за економија и труд повеќе детали најавуваат во текот на денот.
Денешната средба доаѓа откако претставници на Стопанската комора на трговци на големо и мало се сретнаа со премиерот Христијан Мицкоски.
Тие вчера упатија барање за итна средба со Владата поради најавата за ограничување на маржите до 10 проценти во трговијата на големо и мало. Според нив, ваквата одлука ќе го доведе во прашање опстанокот на трговците и тие ќе бидат принудени да ги отпуштаат вработените, но и да ги затвораат маркетите. Штетите, како што наведоа, ќе бидат големи, бидејќи во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми со 790 продавници и 4 700 вработени.
По растот на цените на храната и двата граѓански бојкота, Владата во вторникот на седница го задолжи Министерството за економија да ја подготви Предлог-одлуката којашто, според најавите, требаше да се одржи вчера на итна седница, но тоа не се случи. Со предлог-одлуката требаше да бидат опфатени основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но и детергентите, бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.
Ваквата одлука се темелеше на шестмесечниот извештај од Државниот пазарен инспекторат, според кој кај трговците на мало беше утврдено дека има над 20 отсто маржа на основните прехранбени производи и над 30 отсто маржа кај средствата за лична хигиена, додека кај увозниците и дистрибутерите се евидентирани повисоки маржи кои одат дури и до 50 отсто.
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




