ЗАВРШИ СРЕДБАТА СДСМ -ДУИ: Кога ќе има договор?
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017
СДСМ и ДУИ преговараат за формирање на влада.
Радмила Шеќеринска од СДСМ рече дека со ДУИ разговарале како да излезат од ситуацијата која ја наметнал претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.
„Сметаме дека овие средби и разговори ќе продолжат, дискусиите се водат во двете партии, но сметаме дека целта ни е заедничка, Македонија да излезе од оваа криза час поскоро, да добие Влада која ќе се посвети на реформите, на подобар живот на граѓаните на Република Македонија и шанса за сите да обезбедат егзистенција во земјава. Предлозите кои ќе бидат на маса ќе ги дискутираме и со целата јавност. Ова не беше долга средба. За сите прашања ќе дискутираме со нашите потенцијални коалициони партнери и за сите прашања ќе ја известуваме јавноста“- рече Шеќеринска.
Потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи изјави дека на маса ги доставиле нивните барања.
„Конечната одлука ја носи претседателот“- изјави Арифи.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција порача дека го очекува мандатот по што следуваше и средба, на која Иванов го известил дека бара доказ со 61 пратеник.