08 Октомври, 2024
0.0293

Заврши средбата: Власта и опозицијата во своите ровови за новото Обвинителство

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Власта и опозицијата не ги приближија ставовите за новото Јавно Обвинителство за организиран криминал и висoка корупција. На денешниот состанок, последен пред одморите, претстaвниците на владата и на ВМРО-ДПМНЕ останале на своите позиции. Министеркaта Рената Дескоска вели дека ВMРО-ДПМНЕ бара целосна централизација и престанок на мандатот на сите обвинители со престанокот на мандатот на Јавниот обвинител. Нивните барања, како што рече Дескоска се и да не продолжат процесите кои Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги покрена по истекот на 18 месеци за кои имаше мандат да отвара предмети од прислушкуваните материјали. Антонио Милошоски од ВМРО –ДМНЕ пак вели дека власта не сака да се откаже од влијанието врз ова Обвинителство. Тие бараат законот да не пропишува кој ќе биде шеф на ова Обвинителство, како што е сега предложено.

„Гледаме дека за се подготвени да разговараа, но не и за губење на политичката контрола на Владата врз Обвинителството. Власта не е подготвена во системското решение за Законот да прифати концепт во кој обвинителството ќе има поголема одговорност, но и поголема доверба од јавноста дека вистински се бори со организираниот криминал и корупција. Последниот случај Рекет покажува дека Вилма Рускоска кога станува збор за неподобни политички личности се однесува како обвинител, а кога станува збор за Катица Јанева или за некои Кики и Фрики се однесува како адвокат. Ние предложивме некои идеи за структурата и мандатот и тие да не се врзуваат со личности екс официо односно согласно законот оти согласно законот не може да се гарантиира дека некој ќе биде обвинител. Или екс официо да се гарантира дека Катица Јанева и другите обвинители, сите вработени во СЈО по сила на закон ќе преминат во Обвинителство бидејќи се сомневаме дека тие имаат улога во Рекет, рече Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ бара човекот кој ќе го води Обвинителството да биде избор кој освен на Советот за јавни обвинители туку и на Комисијата за избор и именување во Собранието и опозицијата.

Министерката за правда Дескоска вели дека се надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преиспита своите ставови.

„Бараат целосна централизација, јавниот обвинител Јовески или кој било друг да биде човек со чиј мандат ќе бидат врзани 27 мандати на другите јавни обвинители во државата, па со престанок на неговиот мандат да престане и нивниот мандат. Тоа носи силна централизација и значи парализирање на системот. Околу идниот статус на СЈО исто така има несогласувања. ВМРО бара да дојде до демонтирање на структурата на ова Обвинителство односно на сите да им престане работниот однос и плус се бара предметите кои ги водеше СЈО по истекот на 18 месеци да не бидат надлежност на новото обвинителство, рече Дескоска.

Следната средба најверојатно ќе биде по 15 август.

А.Т.

Фото Сител

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл