Добивај вести на Viber
Заврши меѓу граничниот проект што Општина Виница го реализира во соработка со општината Банско од Република Бугарија, наменет за инфраструктурно уредување на археолошкиот локалитет Виничко кале во Виница , а се реализираше со средства одобрени од ИПА фондовите.
Со проектот е асвалтиран патот до локалитетот Виничко кале во должина од 295 метри, изграден е паркинг простор со површина од 1.095 метри квадратни, изградена е пристапна патека до влезот на тврдината и извршено е комплетно осветлување на целиот локалитет. Вкупната вредност на проектот изнесува 125 илјади евра, средства со кои покрај инфраструктурното уредување се реализирани и две обуки за менаџирање со археолошкиот локалитет во Виница.