28 Септември, 2024
0.0238

Завршува уште една ера за модерните телевизори

Објавено во: Анализа 04 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Еден од последните преостанати производители на плазма телевизори - Samsung SDI, Филијалата на јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung Electronics, најави оваа недела дека во ноември ќе го прекине производството на телевизори со плазма екрани. Причината за оваа одлука е слабата побарувачка. Тоа значи дека од овој момент натаму LG Electronics, која е значително помал играч во секторот, ќе е единствената компанија во светот, која ќе прави плазма телевизори. LG ќе продава такви телевизори "додека има побарувачка", изјави портпаролот на компанијата. Истовремено приходите од продажба на плазма телевизори претставуваат само процент од прометот на компанијата денес. Јапонскиот гигант Panasonic, кој некогаш беше најголем играч на пазарот на такви екрани, се повлече трајно од него минатата година. Помеѓу 2000 и 2005 година плазма екраните беа опишувани како следната генерација технологија во областа на производството на телевизори. Тие се натпреваруваа со LCD дисплеите (LCD), но компаниите имаа тешкотии во производството на помали екрани со висока резолуција. На крајот LCD екраните ги победија сите и навлегоа многу пошироко. Некои аналитичари тврдат дека плазма телевизорите имаат повеќе предности пред LCD телевизорите. Но LCD технологијата се подобри значително со текот на времето и плазма дисплеите станаа многу помалку привлечни за потрошувачите. Во вториот квартал од оваа година се продадени само 2 милиони плазма телевизор во целиот свет, што значи дека има 16% пад во однос на минатата година, покажуваат податоците на компанијата за истражување IHS. За споредба, во рамките на истиот период се продадени 47 милиони LCD телевизори. Samsung SDI започна дејност како давател на дисплеи во 70-тите години, а потоа се претвори во производител на плазма и ЛЦД телевизори. Во моментов филијалата произведува модерни органски диоди кои емитуваат светлина (OLED) екрани кои се потенки и повеќе енергетски ефикасни од LCD монитори. Многу експерти веруваат дека OLED индустријата ќе ја замени LCD технологијата, иако производителите имаат потешкотии во масовното производство на OLED екрани, особено за големи телевизори. Животот на плазма панелите е пред својот крај и тие постепено ќе бидат раселени од производството, изјави уште минатата година извршниот директор на Samsung SDI. K.K.