19 Декември, 2025
0.0474

ЗБОГУМ 500 ЕВРА: Крај за една од највредните банкноти

Објавено во: Економија 05 Мај, 2016 11:28

Добивај вести на Viber

Европската централна банка соопшти дека до крајот на 2018 година ќе престане да печати нови банкноти од 500 евра.

Банкнотата нема да се печати поради загриженоста што таа виолетова банкнота криминалците најмногу ја користат за перење пари, па дури и за финансирање на терористички активности.

„Банкнотата од 500 евра ќе остане законско средство за плаќање и затоа и понатаму ќе биде во употреба“, соопшти ЕЦБ после денешниот состанок на Советот, пренесе Ројтерс.

Банката додаде дека „банкнотата од 500 евра како и банкнотите од други вредности, секогаш ќе ја задржат својата вредност и ќе можат да се разменат при национални централни банки во рамки на Екосистемот во текот на неограничен временски период“.

Советот на ЕЦБ, според очекувањата на аналитичарите, гласал за запирање на печатењето на банкноти од 500 евра, поради распространетото мислење дека пред се ја користат криминалци за префрлување на големи суми пари во различни делови во светот, без знаење на властите.

„Таквите банкноти се омилен механизам за плаќање на оние кои се занимаваат со незаконски активности, со оглед на релативната леснотија со која може да се транспортираат и префрлат“, се наведува во неодамнешната објавена студеија на Хардвард Универзитетот.

Речиси 30 одсто од преку 1000 милијарди евра готовина во оптек, лани биле во апоени од 500 евра, покажаа неодамна објавените податоци на ЕЦБ.

Оваа банкнота е една од највредните во светот со вредност која во моментов е над пет пати поголема од најголемата американска банкнота во оптек од 100 долари.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд