26 Ноември, 2024
0.0263

ЗБОГУМ ПОНИСКИ КАМАТИ НА КАРТИЧКИ И НА МИНУСИ - со вонредната состојба заврши и пониската затезна каматна стапка

Објавено во: Економија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Помина вонредната состојба, поминаа и шансите граѓаните да дојдат до кредитни кртички или минуси на нивните тековни сметки по пониска каматна стапка.

Ова следува откако затезните камати се вратија на старо, односно сега не се пониски како што беа во време на вонредната состојба. Ова за Фактор го потврдија и од Народната банка.

Како што е познато, за време на вонредната состојба која во земјава беше прогласена поради коронавирусот, Владата донесе Уредба со законска сила, со која се намалија стапките на законската затезна камата.

Тоа всушност значеше дека каматните стапки за кредитите што ги земаа граѓаните не смееја да бидат повисоки од 5,75 отсто, додека оние за фирмите не требаше да надминат 6,75 проценти.

Но, потоа се испостави дека овие пониски каматни стапки ќе важат само за граѓаните и компаниите кои ќе склучат во тој период од три месеци нови договори за кредити, но не и за веќе постоечките. За нив си остана да важи правилото дека ќе се отплаќаат по каматните стапки кои клиентот ги договорил со банката уште на стартот, кога го зел кредитот.

Како што за Фактор објаснуваа банкарите, всушност ова намалување кое се случуваше поради пониската затезна камата, важеше само за повисокте каматни стапки, а такви се оние за минусите на тековна и за кредитните картички, кои изнесуваат 9,5 отсто. Но, тоа но не важи за станбените и за потрошувачките кредити, бидејќи тие и во принцеп се пониски или се движат околу овој лимит.

Фактор ја праша Народната банка што се случува со каматите сега, откако веќе не важи Уредбата со законска сила што ја донесе Владата, за намалување на законската затезна камата.

Оттаму објаснуваат дека со Уредбата со законска сила за примена на Законот за облигационите односи за време на вонредна состојба, донесена од Владата на 2 април годинава, се намалиле стапките на законската казнена камата и се извршила промена во начинот на нивното утврдување. Основна цел била преку намалување на стапката на казнена камата, да се олесни паричниот товар на должниците за времетраењето на вонредната состојба.

„По стапувањето во сила на оваа уредба, на трети април 2020 година, на сите парични обврски во домашна валута или определени или изразени во странска валута коишто беа во задоцнување, се пресметуваа новоуредените стапки на казнена камата (5,75 отсто за физички лица или 6,75 проценти за правни лица -за обврски во денари), или едномесечен еурибор за евра плус 4 процентни поени  (за физички лица), односно едномесечен еурибор за евра плус 5 процентни поени за обврски во странска валута (за правни лица)“, објаснуваат од централната банка.

Со оглед на поврзаноста на максималната висина на договорната камата со стапките на казнената камата, велат од НБМ, со овие промени донесени од Владата беше предвидено и дека за сите договори со физички лица склучени пред стапување во сила на Уредбата, продолжиле да важат постојно уредените договорни каматни стапки, односно на нив немало влијание законското намалување на казнените камати.

Додека, пак, како што објаснуваат од НБМ, за сите договори со физички лица, склучени по стапување во сила на Уредбата, се применуваа договорни стапки коишто не смеат да ги надминат новоуредените стапки на договорна камата, односно 5,75 отсто.

А за сите договори со правни лица, доколку стапките на договорната камата го надминуваат законскиот лимит утврден со Уредбата, односно 6,75 отсто, тие договорни стапки требаа да се намалат и да се сведат во рамки на дозволените лимити.

Од НБМ велат дека сето ова се применувало до 30 јуни.

„Согласно со определеното со Уредбата, нејзините одредби беа во важност и се применуваа во текот на вонредната состојба, како и по престанокот на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година, по што утврдувањето и висината на стапката на казнена камата се одвива согласно со постојниот Закон за облигациони односи“, велат од централната банка.

На нашето прашање што ќе биде со граѓаните кои за време на вонредната состојба извадиле кредитна картичка или добиле минус на тековната сметка по тогаш пониската каматна стапка, односно дали за нив каматите се зголемени веднаш по 30 јуни, монетарните власти велат дека тоа е прашање што треба да им се постави на банките. Тоа зависи од договорите кои клиентите си ги склучиле со банките за тоа како ќе се движат каматните стапки, односно за колкав период на клиентот ќе му биде загарантирана одредена каматна стапка.

Банкарите, пак, со кои контактиравме, објаснуваат дека пониските каматни стапки за кредитните картички и за минусите на тековните сметки важеле само до 30 јуни, но не и понатаму.

Ова значи дека оние што пред уредбата имаа кредитни картички и минуси, тие никако не доживеаја намалување на нивните камати за време на корона кризата, а оние што во тој кус период од два месеци извадија картички или минуси, за кратко се израдуваа на каматните стапки.

А што покажува најновата статистика на НБМ, која се однесува на каматните стапки. Таа вели дека токму кај новоодобрените кредити каматата има месечен раст, иако тој е мал и изнесува 0,04 процентни поени. Тоа значи дека каматата во јули малку се зголемила во однос на јуни.  

„Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,98 отсто и во јули забележа месечен раст од 0,04 просечни поени. Споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,7 поени“, се вели во последното соопштение од централната банка.

Додека, пак, трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжил и во јули 2020 година. Во јули каматата изнесува 4,75 отсто и бележи месечен и годишен пад од 0,05 и 0,40 процентни поени соодветно. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво