Зборувај за убавините на својата земја – Шара, Водно, Пелистер, Плачковица

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2025 10:38
Има некои работи кои секогаш, без исклучок ни притискаат некое копче, некој нерв за прекрасни емоции, прават да се чувствуваме спокојни, да чувствуваме љубов, да се чувствуваме како дома. Понекогаш тоа е песна со која сме израснале, понекогаш тоа е мирис на омиленото јадење кое ни го готвела баба, а понекогаш тоа е некое место, некоја планина или нејзиниот врв.
Како што е прекрасниот и моќен Љуботен на Шара, како што е Водно над Скопје... Места и пејзажи на кои секогаш им се навраќаме, опеани од нашите поети: од Константин Миладинов во „Т’га за југ“ до Нина Спирова: со „Parlez-vous français за Скопје, за Вардаровиот кеј, за Водно, зборувај за Шар Планина, за убавините на својата земја...“
Животот станува сè побрз, а обврските изгледаат бесконечни. Потиснати од постојаниот стрес на современото живеење, од секојдневното пробивање низ гужвите во сообраќајот, од уморот од работата и постојаниот наплив на информации на интернет, спас и одмор сè повеќе гледаме во нашите природни убавини, како простор каде можеме да почувствуваме внатрешен мир и барем за кратко – спокојство. Престојот на планина е здравје.
Ако Македонија има нешто во изобилство, тоа се планините. 87% од територијата на нашата татковина е планинска и веројатно тоа е најголемото богатство со кое располагаме, затоа СКОПСКО ова лето вниманието го насочува токму кон нив.
Платформата на СКОПСКО, „Наша Гордост. Наша Одговорност“ се стреми да биде вистински пример за силата на заедничката акција во заштитата на природните богатства на Македонија. Од март започнува кампањата „Заедно се грижиме за планините“ преку која од секое продадено шише „скопско“ или „скопско смут“ со специјална етикета ќе се собираат средства за чистење на нашите планини и обезбедување на урбана инфраструктура.
Наши се Шара и Водно и Пелистер и Плачковица, секогаш биле и секогаш ќе бидат, затоа да бидеме дел од напорите да се заштитат најдобро што може. Причината за тоа ја опеа и нашата Нина Спирова во нејзиниот легендарен шлагер „Никогаш не заборавај дека најсреќен си само дома.“
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“
Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза
Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година
