15 Декември, 2025
0.0275

ЗДРАВИ ИЛИ БОЛНИ: ПРИМАЈТЕ Д - експерти ширум светот ги повикаа владите да го внесат витаминот во своите стратегии

Објавено во: Свет 22 Декември, 2020 13:28

Добивај вести на Viber

Повеќе од 130 експерти потпишаа отворено писмо со кое ги повикуваат владите да го внесат витаминот Д во своите стратегии против коронавирусот.

Над 130 здравствени, научни и медицински експерти од Британија, САД и Европа велат дека постои јасен научен доказ дека витаминот Д го намалува бројот на заразувањата, хоспитализирањата и смртните случаи од ковид-19. Во писмото научниците повикуваат на брз и масовен почеток на внесување 4.000 меѓународни единици (ИУ) дневно (или најмалку 2.000) за здравите возрасни луѓе.

Истражувањата претходно сугерираа дека пациентите што се болни од заразата за да бидат хоспитализирани можат да претрпат помалку сериозни компликации доколку нивото на витамин Д им е доволно високо.

Експертите тврдат дека витаминот Д може да спречи коронавирусна инфекција, болест, па дури и смрт.

Во писмото се повикуваат здравите возрасни лица да го зголемат дневниот внес на витамин Д на најмалку 2.000 ИУ, или 50 микрограми (мкг), барем додека трае пандемијата. Потписниците на писмото тврдат дека витаминот Д е „исклучително безбеден“ дури и во високи дози, а повеќето од нив тврдат дека земаат најмалку 4.000 ИУ (100 мкг) на ден.

Според потписниците, кои потекнуваат од 24 земји, „глобалните модели и ризик-фактори за пандемијата на ковид-19 и недостигот од витамин Д прецизно се совпаѓаат“.

„Финска е единствената земја со успешна програма за збогатување на храната со витамин Д и таа најуспешно се бори со пандемијата на глобално ниво, со само 484 смртни случаи и 22.500 оздравени (во времето кога е пишувано писмото)“, рече д-р Герет Дејвис, независен британски истражувач и еден од „главните организатори“ на писмото покрај Американецот д-р Карл Флегер. Повеќе од 100 од потписниците се лекари или доктори на науки, или обете, а над 60 се професори. Потписници на писмото се и двајца британски пратеници.

„Јапонија е интересен случај, тие јадат толку многу сирова риба, еден од ретките природни извори на витамин Д во храната, што нивната исхрана е доволно богата за да биде доволна во текот на зимата. Јапонија имаше (околу) 188.000 случаи (на коронавирусот), но сепак помалку од 3.000 починати.“

„Ова е популација што живее на иста географска ширина како и Италија, но со двојно поголема густина на население“.

Италија забележа повеќе од 1,9 милиони случаи на коронавирусот и над 68.000 починати од почетокот на епидемијата.

Недостигот од витаминот Д е поврзан со зголемен ризик од вирусни респираторни инфекции воопшто, како и од воспаленија.

„Витаминот Д е многу побезбеден од стероидите, како што е дексаметазонот, најшироко прифатениот третман, кој исто така покажа голема корист за ковид-19“, напишаа тие.

„Безбедноста на витаминот Д е поголема од онаа од маските за лице“, велат тие.

„Нема потреба да се чекаат понатамошни клинички испитувања за да се зголеми употребата на нешто толку безбедно, особено кога справувањето со високите стапки на недостиг или инсуфициенција веќе требаше да биде приоритет“.

Потписниците исто така ги повикуваат медицинските лица да го мерат нивото на витаминот Д кај хоспитализираните пациенти и да ги лекуваат оние кај кои нема доволно.

Можеби ќе ве интересира

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат