Здравствен дом ќе се гради во општина Илинден
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2012 10:58
Општина Илинден објави продажба на градежна парцела наменета за изградба на здравствен дом, со цел да се подобри квалитетот на здравствените услуги на граѓаните.
Реализацијата на капиталниот проект - Изградба на здравствен дом е една од зацртаните приоритетни цели во Стратешкиот план за Локален економски развој на општина Илинден 2012-2016 година.
- Со изградбата на здравствениот дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги во местото на живеење, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да извршат одредени испитувања, информира општина Илинден.
Површината на веќе подготвената градежната парцела, што се наоѓа во повеќенаменската зона Ограѓа, во населба Илинден, на само 10 километри од центарот на главниот град, изнесува 3.000 метри квадратни, а општина Илинден ја обезбедува комплетната инфраструктура.
Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесува 148 денари за метар квадратен, а пријава за учество може да се достави до 02.01.2013 година на адреса на општина Илинден. Јавното наддавање ќе се оддржи на 04.01.2013 година по електронски пат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





