26 Ноември, 2024
0.0415

Здравствените власти анализираа, а денеска ќе одлучуваат: Дали бројките се доволни Комисијата за заразни болести да препорача карантин?

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Бројот на активни случаи на корона вирусот денеска ќе надмине 16.000. Загрижувачка е дневната бројка на новозаразени пациенти, но тоа што е алрамнатно, и создава огромен страв меѓу граѓаните е високиот број на починати пациенти. Фактор поразговара со различни профили граѓани во однос на епидемиолошката слика во земјава, во однос на актуелните мерки и во однос на тоа дали е потребно да се воведе карантин. Прашавме интелектуалци, вработени, невработени, пензионери, студенти...Граѓанската мини анкета покажува дека за разлика од претходниот период, односно од првиот бран на епидемијата, кога карантинот се сметаше за глупост и целосно непотребен, сега најголемиот број од граѓаните самите бараат да се воведе забраната за движење.

Сметаат дека не би требало да биде сосема исто како што беше на пролет, зошто и на тој начин се создаваа невидени гужви во маркетите, во банките, но да се земе некој од моделите на останатите земји кои ја воведоа најстрогата мерка. Дел од нив велат дека се попусти апелите на министерот за здравство да не се излегува ако граѓаните немаат потреба.

Здравствените власти сметаат дека оваа непопуларна најстрога мерка која го ограничува движењето на граѓаните ќе биде последна во ведена и исклучиво ако епидемиолошката состојба стане до токлку лоша да нема повеќе болнички капацитети, односно здравствени установи каде што ќе може да се лекуваат болните од ковид.

Во понеделникот, од Комисијата за заразни болести најавија дека токму во таа насока се сите анализи што ги прават. Рекоа дека неделава најдетално ќе ја анализираат епидемилошката состојба, а во случај актуелните мерки да не ги дадат потребните резултати, не ја исклучуваат можноста за воведување на најригорозната рестриктивна мерка, полицискиот час.

За ова досега говореше јавно и министерот Венко Филипче, но пред се истакнувајќи дека мерките кои се актуелни и се на сила може да ги дадат посакуваните резултати, односно да доведат до намалување на трансмисијата на вирусот.

Во секој случај, денеска заседава Комисијата за заразни болести, по што ќе информираат дали ќе дадат препорака за воведување полициски час. Доколку сметаат дека во земјава треба да биде воведен карантин, сепак  и за ова последниот збор ќе го има владиниот Кризен штаб.

Анита Буховски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав