17 Мај, 2024
0.0352

Здружение повикува да се обезбедат гаранции за скопјани да не останат без парно греење

Објавено во: Економија 31 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Здружението за заштита на граѓанските права ,,Но пасаран” ја повика Регулаторната комисија за енергетика да обезбеди гаранции за снабдување со потребните енергетски ресурси, бидејќи наесен скопјани може да останат без парно греење.

„Град Скопје со формирањето на Градски енергетски системи по добивање на лиценците од РКЕ ќе ги преземе дистрибуцијата и снабдувањето, но бидејќи парите на граѓаните ќе бидат потрошени, ќе се јави недостиг од средства за купување гориво за производство на топлинска енергија. Овој минус ќе мора да го покрие Град Скопје, Владата или скопјани. Затоа ја предупредивме РКЕ да преземе дополнителни гаранции против ова сценарио”, се наведува во соопштението.

Од таму тврдат дека доколку на почетокот на оваа грејна сезона му се дозволи на ‘Балкан енерџи снабдување ДООЕЛ’ авансно да наплатува за август и септември, БЕГ овие средства од граѓаните нема да ги искористи за набавка на гориво, развој и санација туку за враќање долг спрема Топлификација АД.

,,Но пасаран” ја  поздравува новата определба за намалување на давачките на граѓаните преку намалување на сметките за топлинска енергија, намалување на признаените трошоци на компаниите, намалување на маржите, како и намалување на паушалот сè додека не се донесат новите правила за снабдување. Исто така, ја поздравува и отвореноста на новиот состав на РКЕ и поканата за учеството на граѓанскиот сектор во носењето на новите правила за снабдување со топлинска енергија и тарифникот со кои конечно ќе се укине наплатата на ангажираната моќност за исклучените граѓани и дополнително ќе се намалат сметките за вклучените граѓани во системот.

,,Бараме од РКЕ во најкраток рок да ги предложи и донесе новите правила за снабдување и тарифникот. Бараме од Град Скопје да ги преземе дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија, додека во производството што повеќе да е присутна државната ЕЛЕМ енергетика. Бараме дистрибутивната мрежа да му се врати на Град Скопје, како и контролата на производствените погони на Топлификација.Сите овие барања се во насока на давање квалитетна и поевтина услуга кон граѓаните со кои повторно ќе се стекне и довербата кај исклучените граѓани”, се додава во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија