10 Октомври, 2024
0.0470

Здружението на Украинци „Лесја Украинка“ е против доаѓањето на Лавров во Скопје

Објавено во: Свет 28 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Здружение на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ изразува решителен протест во врска со најавената посета на земјата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој планира да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Иако од Владата тврдат дека доаѓањето на Сергеј Лавров во Скопје нема да значи неговото доаѓање во билатерална посета на Македонија, туку во земја домаќин на ОБСЕ, сепак сметаме дека во кое својство и да доаѓа шефот на надворешно политичка институција на Русија, најважно дека тој ја води институцијата на една терористичка земја која веќе скоро 2 години секојдневно уништува мирни населени места и врши геноцид на украинското население. Кај нас предизвикува револт самото негово доаѓање во Македонија каде ќе се поздравува со неговите раци до лакти замачкани во крв на илјадници невини Украинци со негови колеги од европските земји. И кога, како што велат од Владата, „станува збор за организацијата, за иднината на ОБСЕ и се очекува секој да се издигне над националната позиција и да ја заштити организацијата која што е важна“, ние сакаме да нагласиме дека токму во тоа е суштина на обстојување на организацијата – имено такви членки како што е Руската Федерација ја доведуваат во прашање углед и иднината на организацијата!

Сакаме да нагласиме дека ние високо ја цениме досегашната помош и поддршка на Украина од страна на Македонија на секое поле, но за нас не ни е разбирлив и не е прифатлив аргумент дека владината одлука за прием на Сергеј Лавров е диктитрана со тоа што Македонија претседавач на ОСБЕ и „треба да се направат разлики направиме меѓу билатералниот и мултилатералниот карактер на посетата, а Скопје е само местото каде ОСБЕ е овој пат“, аодлуката на Македонската Влада е донесена според одлуката на ЕУ по однос на санкциите према Русија: „со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, со други меѓународни организации“.

Затоа уште еднаш изјавуваме решителен протест против таквата владина одлука за прием на својата територија меѓународен злосторник, на којшто вистинското место му е во Хаг, а не на иста маса со почитувани шефови на надворешнополитички институции на цивилизирани земји!

Очекуваме дека секој нормален граѓанин на Македонија ќе го поддржи нашиот став и револт.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи