30 Април, 2024
0.0254

Здруженијата на протест, синдикалците со отчет: Кој ги штити работничките права?

Објавено во: Економија 01 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Сојузот за синдикатите на Македонија смета дека нема потреба од протести, граѓанските здруженија „Солидарност“ и „Ленка“пак укажуваат на големо кратење на работничките права во земјава. Првите со прес конференција, вторите со протест,  денеска го одбележаа Први мај-Меѓународниот ден на трудот.

ССМ задоволен од правата на работниците Денот на трудот го одбележува со целогодишна работа која дава резултати, ССМ е сериозна организација која има одговорност и обврски кон членството и има резултати, која не манифестира работење само еден ден, порача претседателот денеска претседателот на ССМ Живко Митревски.

Тој денеска даде отчет за постигнатото, посочувајќи на законските решенија кои се донесени за заштита на работничките права и потпишаните конвенции.

„Имаме конкретни резултати во заштита на работниците. Нема отпуштања, нема намалување на платите и зголемување на старосната граница за пензионирање. Ова се трите основни столба што се заштитени и ова е тоа што го почувствуваа работниците“, истакна Митревски.

Според него, заштитата на правата на работниците најдобро се спроведува преку организирање и потпишување колективни договори, а информираше и дека во последната година се поведени 3.000 постапки пред судовите во кои 90 проценти се позитивно решени. Во делот на пријавите, од 2.800 кои стигнале од работниците до ССм, 380 биле за неисплатена плата, а над 380 за задоцнета усплата на придонеси и одреден дел за исплата на надоместоци.

Сојузот на синдикати на Македонија по повод Меѓународниот ден на трудот почна и кампања за формирање локални економско – социјални совети. Ваквиот начин на одбележување на 1 Мај, Сојузот на синдикати на Македонија го практикува од 2010 година кога започна и со кампањата за зголемување на членството, кампањи за  донесување закон за минимална плата и за закон за мобинг.

„Солидарност“ и „Ленка“ на протест Околу двеста граѓани предводени од движењето за социјална правда Ленка и левичарското движење солидарност денеска излегоа на протест за да укажат на лошата положба во која се наоѓаат македонските работници. Ним денеска им се придружи и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, и заедно соопштија дека ќе покренат иницијатива пред Уставниот суд за оценување на уставноста на  укинувањето на дел од одредбите за репрезентативност на синдикатите во Законот за работни односи. Со новите измените е дозволено работодавачот да има увид и да проверува кој ќе биде член на синдикатот. Граѓанските здруженија уште еднаш повторија дека имаме „жолти синдикати“ и синдикални лидери кои наместо да ги штитат и унапредуваат работничките права, само се фалат со она што го постигнале однесувајќи се како типични политичари. КСС ќе работи на зголемување на членството

Од Конфедерацијата  на слободни синдикати (КСС) денеска најавија дека ќе продолжат со активно делување кон подобрување на работничките права, а како стратешка цел им е  зголемување на синдикалното членство со работници од приватниот сектор. Според претседателот на КСС, Мирјана Андреска, овој 1 Мај го одбележуваат работно, на начин што ќе им го приближи Синдикатот и синдикалното движење на граѓаните посебно кон оние кои работат во приватниот сектор бидејќи тие се работници на кои синдикатот најмногу им е потребен, а во исто време и најнепознат.

„И оваа година го одбележуваме 1 Мај, Денот на трудот во услови на економска криза и отежнати услови за работа, како на стопанството, така и на работниците. Оваа ситуација дополнително го обременува дејствувањето на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) во изминатиот период. Ваквите социо-економски услови, не ги спречуваат да преземат активности во насока на зачувување на нивните стекнати права и за сеопфатно подобрување на состојбата на нивните членови“, изјави Андреска.

 

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи