„ЗЕДОВ КРЕДИТ ЗА ДА ГИ ВРАТАМ ПАРИТЕ“: сведокот Бучков посочи дека Палчо му должел 15 илјади евра
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2024
Денешното судење против петмината обвинети за свирепото убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски фрлаат нов апсект на настаните.
Денеска во судницата сведочеше Ламбе Бучков кој е сведок на обвинителството, а тој во судницата посочи дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо му должи 15 илјади евра, кој тој ги поддигнал на кредит за да го подмири долгот на Палчо кај негов пријател.
Според неговото тврдење, парите биле за парцели кои Палевски ги поседувал во општина Центар, но никогаш општината не дала дозвола за градба. Секој ден одел сведокот во седиштето на партијата да си ги бара парите од Палевски, а овој му ветувал дека ќе ги има до петок (01-12-2023).
Сведокот комуницирал со Палевски додека бил во Белград и Турција, му кажал дека ќе се врати наскоро бидејќи му дошла полиција во партијата и барале некое возило. Сведокот тврди дека Палевски имал неколку пиштоли, а Палчо му се жалел дека службите го следеле и му правеле опструкции.
За потсетување, минатата година, кога беше поврзана истрагата за двете убиства, на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, првообвинетиот Љупчо Палевски беше однесен од неговиот адвокат во Србија, каде останал само еден ден и оттаму заминал за Турција, каде беше уапсен и ставен во екстрадициски притвор. Причината за неговото патување, како што беше објавено, според лица со кои комуницирал тие денови било лекување на кичмата.Но, за разлика од претходните сведоци, како Васко Стојков, кој го однел Палевски до Белград кој на минатото судско рочиште сведочеше дека одел на лечење за кичмата, при што објави дека ако Палчо „не направи таму, ќе оди да се лекува во Турција“, денекса сведоците имаат поинакви тврдења.
Имено, сведокот Бучков, поранешен вработен во МВР сведочеше дека Палевски не му кажал оти ќе се лекува во Софија и во Турција, туку дека таму имал закажано политички состаноци, бидејќи се ближеле избори.
Бучков рече дека Палевски му се јавил од Турција и му кажал дека таму е по работа. А претходно се чуле и кога бил во Белград.
Му кажал дека го барала полицијата во партијата и оти сакала некое возило да одземе. Тој му рекол и дека сакал да се врати од Белград, но дека имал договорено состаноци во Бугарија и во Турција.
Бучков за позајмените 15.000 евра кажа дека се уште не ги добил назат.
- Зедов кредит за да ги вратам парите, за да не се срамам пред мојот пријател - кажа сведокот Бучков.
- Палевски ми кажа дека му кажал на Влатко Кешишев да им даде на инспекторите сè што ќе побараат. Да им го даде возилото. За пикапот ми кажа дека полицијата го бара оти било видено на местото каде што исчезнало некое девојче. Не препрашав за кое девојче се работи - сведочеше Бучков.
На прашање дали видел дали Палевски носел пиштол, сведокот рече: „Палевски кажувал дека има неколку вида оружје, пиштоли, но никогаш не сум ги видел кога сум одел во канцеларија или дома“.
За киднапирање и свирепо убиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.