Добивај вести на Viber
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски со насоки до новиот претседател, Африм Гаши.
Преку социјалните мрежи Вељаноски реагира на промените направени на веб страната на Собранието.
- Се надевам дека новиот претседател на Собранието Африм Гаши ќе преземе конкретни чекори за целосно обновување и одржување на дигиталната парламентарна архива која беше реализирана во рамките на еден важен проект на кој долг период макотрпно работев со најблиските соработници, за време на моите мандати како претседател на македонскиот законодавен дом.
Во мај 2023 година за време на мандатот на Талат Џафери, забележав дека значителен дел од архивата на Собранието, вклучувајќи стенограми, видео од седници, пратенички состави и клучни собраниски одлуки од периодот од 1990 година до 2020 година, повеќе не беше достапен на официјалната веб-страница на Собранието. Тогашниот претседател на Собранието објасни дека отсуството на архивските материјали се должи на процес на миграција кон новата веб-страница и дека содржините постепени ќе бидат вратени, но до денес тоа не е направено.
Со оглед на важноста на овие документи за јавноста, медиумите и академската заедница се надевам дека новиот претседател на Собранието Африм Гаши ќе преземе конкретни чекори за целосно обновување и одржување на дигиталната архива, обезбедувајќи непречен пристап до историјата и работата на законодавниот дом - напиша Вељаноски на Фејсбук.