19 Ноември, 2024
0.0275

ЧЕТВОРИЦА ЧЛЕНОВИ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ПРЕД РАЗРЕШУВАЊЕ – еве кои се причините

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Четри члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе бидат разрешени по одлука на Владата на Република Македонија оджана на почетокот на месецов.

Меѓу разрешените се Андреј Тасев, Мерита Дема, Лирим Сулејмани и Фатон Амбари. Иако сите четворица се уште имаат важечки мандати, односно требало да им истечат во 2026 или 2028 година, Владата одлучуи да ги разреши.

Како што е појаснето во документот доставен пред пратениците, член на комисијата може да биде разрешен од функцијата доколку несовесно и нестручно ја врши функцијата, доколку извршил повреда на обврските за непристрасност и незавиност, или ја злоупотребил функцијата, или пак работел спротивно на законот.

Притоа е посочено дека Андреј Тасев, за член на комисијата е изгласан на 5 мај 2021 година, и неговиот петгодишен мандат му истекува на 5 мај 2026 година. Што се однесува пак до Лирим Сулејмани, неговиот мандат започнал на 18 мај 2021 година и истекува на 18 мај 2026 година. Фатон Амбари и Мерита Дема добиле мандати на 26 јули 2023 година, и нивните истекуваат на 26 јули 2028 година.

-  Во периодот пред именувањето, Андреј Тасев почнувајќи од 2002 година работи како сопственик и управител на Фабрика за амортизери СТД ДОО увози-извоз Нов Дојран, што согласно националната класификација е „производство на други делови и дополнителен прибор за моторни возила“, а не дејност од областа на енергетиката или водните услуги, ниту има доставено доказ преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, ниту од Агенцијата за вработување, па оттаму именуваниот во последните 15 години нема најмалку десет години работно искуство во енергетката, односно водните услуги – се напоменува во документот доставен во Собранието.

Посочено дека Дема, согласно податоците на Фондот за пензиско осигурувње е во редовен работен однос од 13 март 2013 година и при именувањето немала 15 години работно искуство, што е предуслов за членовите на РКЕ, поради што предлагачите посочуваат дека е некомпетентна за наведената позиција.

-  Во моментот на именување на Лирим Сулејамни за член на РКЕ како стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката веќе бил именуван членот Енвер Елмази од 17 октомври 2016 година. Во моментот на именување на Фатон Амбари за член, како стручно лице веќе била именувана Анадријана Нелкова – Чучук од 27 август 2019 година. Владата му предлага на Собранието да ги разреши од должност членовите на РКЕ – стои во документот доставен во Собранието.

Во документот е појаснето оти комисијата е составена од седум члена од кои еден е претседател. Еден член на комисијата е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката, еден член е стручен за економски прашања од областа на енергетиакта или водните услуги, потоа член за технички прашања од областа на водните услуги, а останатите се технички прашања од областа на енергетиката. Предлагачите на разрешувањето појаснуваат дека член на комисијата може да биде државјанин на земајва кој има високо образовение, и тоа од областа на енергетиката, машинството, технолошки науки, градежништво, економија или право. Потоа да има 10 години работно искуство во областа, две години пред именвуање во комисијата да не бил член на управување или надзор на друштво кое врши енергетска дејност, а во моментот на именување да нема казна забрана за дејност.

Мандатот на секој член и на претседателот е пет години, и тие не можат да бидат на функцијата повеќе од два последователни мандати. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

АГЕЛЕР: Моите најтопли честитки до Радмила Шекеринска и до Мицкоски

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

ЗАЕВ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ВИСОКАТА ФУНКЦИЈА: „Македонската дипломатија денеска добива круна“

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

Деведесетгодишен старец изгоре во пожар во Желино додека пожарникарите се обидувале да го спасат

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

„ЕХО АПАРАТОТ Е ГОЛЕМ КОЛКУ ВРАТА“: поранешниот директор на болницата во Кичево по кривичната пријава од МВР - „ниту сум го зел, ниту ми е потребен“

ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА И УРБАНИЗАМ НИ СЕ „ДЕМОДЕ“: Николоски вели треба да претрпат промени, не се во чекор со времето

ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДБА И УРБАНИЗАМ НИ СЕ „ДЕМОДЕ“: Николоски вели треба да претрпат промени, не се во чекор со времето

Шекеринска стана втор човек на НАТО

Шекеринска стана втор човек на НАТО

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

„ДОДЕКА НЕ СЕ ЕЛИМИНИРА АРСОВСКА, НА МИЦКОСКИ НЕМА ДА МУ СЕ СМИРИ ЕГОТО“: Град Скопје со реакција за автобусите

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИСТОРИСКИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО - ќе се зголемат од 40 до 50 проценти во следните 4 години

МИЦКОСКИ НАЈАВИ ИСТОРИСКИ РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО - ќе се зголемат од 40 до 50 проценти во следните 4 години

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети

Уапсен Албанец на Табановце со над 3.000 стари монети