18 Декември, 2025
0.0614

ЗЕЛЕН КАРТОН: Скап е, ама го бараат се повеќе во Македонија

Објавено во: Економија 11 Јули, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

И покрај декларациите дека е скап, Македонците платиле 10.000 зелени картони повеќе за една година за своите патнички автомобили, вели пресметката на Националното биро за осигурување, споредувајќи ги 2018 и 2017. Оваа полиса се смета како дополнителен издаток за оние граѓани кои патуваат надвор од земјава со сопствен автомобил. Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот, па затоа го вадат само кога мораат, односно кога патуваат во странство. Кај нас ова осигурување со важност од еден месец чини 30 евра, a за една година 60 евра. Во поголемиот дел од земјите од регионот неговата цена е околу 10 евра, со тоа што е поврзан со домашното автоосигурување и се добива при самата регистрација на возилото.

Вкупно 183.118 сопственици на патнички автомобили од Македонија уплатиле за зелен картон во 2018-та година на некоја од осигурителните компании и исплатиле 773 милиони денари, а за возврат добиле отштета од 146 милиони. Лани бројот на вакви потреби бил 173.517, а исплатени за тоа биле 734 милиони денари. Иако во предизборната програма на актуелната власт се споменува можност за намалување на цената на зелениот картон и граничното осигурување без премногу експлицитни детали, засега се уште нема никакви најави за тоа.

„Во 2018 година, по овластување на Бирото, се издадени вкупно 203.392 меѓународни зелени карти за сите видови на возила, што претставува зголемување од 5,86 отсто во споредба со 2017 година, кога беа издадени 192.124 зелени карти. За да се намали злоупотребата на зелени карти, со Министерството за внатрешни работи воспоставена е тесна комуникација за контрола на зелените карти на нашите граѓани кои патуваат во странство, но и на зелените карти од странски државјани кои влегуваат на територијата на Р. Македонија“, велат од Националното биро за осигурување.

Зелениот картон е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на системот на зелена карта. Цената на зелен картон на патничко возило до 66 киловати на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 киловати за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 киловати e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и за автобусите е 17.222 денари. Важност на годишната зелена карта е во рамките на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност, односно истекува со регистрацијата.

Пораст е забележан и кај бројот на договори за задолжителното автоосигурување, особено кај автомобилите. Бројот на „регистрации“ на овој тип на возила изнесувал повеќе од 473 илјади. Станува збор за околу 25 илјади повеќе за само една година, а во корист на оваа бројка исто така е и податокот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, каде се евидентирани 43 илјади „регистрации“ повеќе кај сите возила кај кои тоа е задолжително.и безмалку 5 милиони евра повеќе платени за тоа..

Вкупно 473.234 автомобили со уплата од 2,5 милијарди денари, а со исплатена штета од 1,34 милијарди бележи задолжителното осигурување во Македонија. Товарните возила биле 48.633 и соодносот на уплатена премија и исплатена штета е уште поголем.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа