06 Декември, 2025
0.0275

„Зелена иднина: од градинка до училиште“: дм дрогерие маркт најави раззеленување на училишните дворови низ целата земја

Објавено во: Мои пари 17 Септември, 2025 11:36

Добивај вести на Viber

Компанијата дм дрогерие маркт денес на прес-конференција одржана во скопското кафуле „Leaf“ го најави отворањето на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ за пријавување на сите државни и општински градинки, основни и средни училишта за хортикултурно уредување и раззеленување на нивните дворови. Конкурсот е поддржан од Министерството за образование и наука, а партнер за неговото спроведување е Македонското еколошко друштво (МЕД).

На прес-конференцијата присуствуваа претставници од Македонското еколошко друштво (МЕД), ЈП Национални шуми, еколошки здруженија, инфлуенсери и повеќе медиуми.

„Сите сме дел од ова општество, и како дел од него имаме моќ, но и одговорност да помогнеме, бидејќи животната средина е неповратен ресурс и треба да се грижиме за неа. Одржливоста и грижата за животната средина е стратешка определба во работењето на dm години наназад. Особено сме среќни што оваа година повеќе ќе се фокусираме на градинките и училиштата – во нивно раззеленување и збогатување на знаењата на учениците и децата. Со ова, сакаме да поттикнеме љубов, одговорност и зелени навики, бидејќи овие нешта најубаво се учат од најрана возраст.“ – изјави Сандра Атанацковиќ Ѓурѓев, дел од маркетинг тимот на dm.

Конкурсот е достапен на платформата dm-zaedno.mk и ќе биде постојано отворен за праќање пријави. Повеќе информации за правилата и условите за конкурсот може да прочитате тука.

Садењето во градинките и училиштата ќе се одвива во етапи, во месеците што се предвидени за садење: септември, октомври, ноември, март, април и мај. Со оваа иницијатива, дм сака оваа година да инвестира речиси 1,5 милион денари за садење дрвја во дворовите на градинките и училиштата низ целата земја.

Оваа иницијатива ќе има и повисока цел – благодарение на експертизата на Македонското еколошко друштво, проектот ќе биде збогатен и со едукативни и интерактивни работилници преку кои децата и учениците во градинките и училиштата во кои ќе се садат дрвја ќе научат повеќе за важноста на пошумувањето и грижата за животната средина.

Во истиот амбиент беше најавено и следното масовно пошумување што дм традиционално ќе го организира и оваа година, во ноември. Преку проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, изминатите 3 години беа насадени повеќе од 100 000 садници на територијата на целата земја. Оваа година од компанијата најавија дека е планирана најмасовната акција досега за засадување 50 000 садници во околината на Штип, со поддршка на ЈП Национални шуми, вработени во дм и волонтери.

Не смееме да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без природата и нејзините ресурси. Токму затоа ги повикуваме сите државни и општински градинки и училишта да се пријават на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ и да се приклучат во раззеленување на нашата животна средина!

ПР објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј