15 Декември, 2025
0.0630

Зелено светло за хуманитарна помош во Јемен

Објавено во: Свет 06 Април, 2015 18:50

Добивај вести на Viber

Меѓународниот Црвен крст доби зелено светло за достава на хуманитарна помош во Јемен. Предводена од Саудиска Арабија воена коалиција овозможи два авиона на организацијата да пристигнат во главниот град Сана денеска. Сеуште преговорите продолжуваат за тоа како да биде доставена помошта до пристаништето на градот Аден, каде воените дејствија во моментов се најжестоки.

Првите испораки на хуманитарна помош во Јемен доаѓаат по речиси една недела преговори помеѓу Црвениот крст и воената коалиција. Тие вклучуваат храна, лекови и медицинска опрема. Портпаролот на воената коалиција откри дека можноста за хуманитарна помош била создадена уште во неделата, но од Црвениот крст не успеале да ја организираат навреме и побарале одложување со еден ден.

Во тоа време продолжува тешката размена на оган во град Аден, каде хутите контролираат повеќе населби. Иако постојаните воздушни напади против нив, ниту тие, ниту борците лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех, не плашејки се од сериозен воен пораз.

Во четвртокот од ОН соопштија дека во текот на изминатите две недели во конфликтот загинале 500 лица. Денес нивниот број изгледа многу поголем. Секој ден се пријавуваат за десетици загинати.

Кризата се продлабочува, бидејќи во Аден вода за пиење нема веќе петти ден. Продавниците се речиси празни. Прехранбените производи се исцрпени. Струјата е исто така прекината во многу делови на градот.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев