Зеленски ги нападна „Амнести Интернешнл“, откако го искритикуваа дека ги изложува цивилите на опасност
Објавено во: Свет 05 Август, 2022 09:09
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини „Амнести Интернешнл“ (АИ) дека се обидува „да амнестира терористичка држава“, мислејќи на Русија, откако претходно тневладината организација посочи дека Киев ги загрозува цивилите во војната против Москва. Според Зеленски, организацијата за човекови права ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата.
„Амнести Интернешнл“ во својот извештај за последните четири месеци ја обвини армијата на Украина за користење цивилни објекти како училишта и болници за воени бази, како и за започнување напади од населени области, тактики што се спротивни на меѓународното хуманитарно право.
„Агресијата врз нашата земја е неоправдана, инвазивна и терористичка. Ако некој напише извештај во кој некако се изедначуваат жртвата и агресорот, ако се анализираат некои податоци за жртвата, а се игнорираат постапките на сторителите, тоа е неоправдано и не може да се толерира“, рече Зеленски во редовното видео-обраќање.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




