ЗЕЛЕНСКИ: Наместо потребните долгометни капацитети, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2024
Украинскиот претседател Володимир Зеленски алармира дека светот треба да реагира поради учеството на севернокорејските војници на страната на Русија во војната.
Зеленски денеска ги повика сојузниците да престанат само да „набљудуваат“ и да преземат акција против присуството на севернокорејски трупи во Русија пред да дојде до конфликт.
Во видеото објавено на Телеграм, Зеленски истакна дека Северна Кореја напредувала во воените способности, распоредувањето на проектили и производството на оружје, објави Ројтерс.
„За жал, сега тие ќе научат модерно војување“, рече претседателот.
Вели дека војниците од Северна Кореја се во близина на украинската граница.
Зеленски нагласи дека Украина ја лоцирала секоја позиција на севернокорејски војници во Русија, но дека западните сојузници не го испорачуваат потребното оружје со долг дострел за да ги нападнат.
„Наместо потребните долгометни капацитети, Америка гледа, Британија гледа, Германија гледа“, изјави Зеленски.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.