13 Декември, 2025
0.0332

Зеленски: Никој не ги тера да умираат за урнатини, ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите

Објавено во: Свет 13 Ноември, 2025 19:43

Добивај вести на Viber

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика сојузниците од Европската унија да ги надминат несогласувањата околу користењето на замрзнатиот руски имот, нагласувајќи дека обезбедувањето нови финансиски средства е клучно за украинската економија разурната од војната.

„Се надевам дека ќе ја добиеме оваа одлука. Во спротивно, ќе мораме да најдеме алтернатива – тоа е прашање на наш опстанок. Затоа ни е многу важно. И сметам на партнерите“, изјави Зеленски за Bloomberg.

ЕУ ја одложи за декември одлуката за предлогот замрзнатиот руски имот да се искористи за „репарациски заем“ за Украина вреден 140 милијарди евра. 

Зеленски истакна дека парите од замрзнатите имоти ќе овозможат на Украина да набави повеќе системи за противвоздушна одбрана и да ја финансира производството на дронови за целни напади врз руските позиции.

„Немаме дополнителни средства. Ова е начинот – и ова е праведно. Трамп има повеќе од пет милијарди долари руски имот, можеби ќе одлучи да ги искористи тие пари. Тоа ќе помогне“, рече Зеленски.

Тој откри дека Украина започнала заедничко производство на пресретнувачки дронови со САД.

Украинскиот лидер смета дека рускиот претседател Владимир Путин води кампања за психолошко заплашување на Европа преку скорошните упади на дронови и борбени авиони во воздушниот простор на НАТО.

Зеленски призна дека ситуацијата е „многу тешка“ во градот Покровск во Донецката област, каде што руските сили се обидуваат да воспостават контрола по месеци жестоки борби. Тој нагласи дека одлуките за евентуално повлекување се целосно во рацете на воените команданти.

„Никој не ги тера да умираат за урнатини. Ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите кои се таму. Најважни за нас се нашите луѓе“, рече тој.

Според Зеленски, Русија сака победа во Покровск за да го убеди Трамп дека Украина треба да се повлече од целиот Донбас – Донецк и Луганск – како услов за прекин на војната.

Војната почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск