Зеленски вели дека ако не им пратат авиони, следна цел ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија
Објавено во: Свет 03 Март, 2022 18:56
Испратете ни воени авиони бидејќи следна цел на напад ќе бидат балтичките земји, вели украинскиот претседател Влодомир Зеленски.
Тој бара западните сили да пратата авиони, и вели дека ако падне Украина следна цел на напад ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија.
„Ако немате моќ да го затворите небото над Украина, тогаш испратете воени авиони, бидејќи ако падне Украина следна цел на напад ќе бидат Летонија, Литванија и Естонија“, рекол Зеленски.
Тој го повика Путин на разговор со него, но не на оддалеченост од 30 метри како со францускиот претседател Емануел Макрон.
Инаку, Макрон се слушнал со Путин и вели дека за Украина допрва доаѓа најтешкото.
Тој разговараше со рускиот колега, Владимир Путин кој му рекол дека продолжува со офанзивата за да ја заземе целата земја под контрола.
Пред осум дена, Русија започна со инвазија на Украина.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака




