19 Декември, 2025
0.0565

Железници Транспорт во 2021 ќе направи загуба од 7,5 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2021 07:19

Добивај вести на Viber

Железници Транспорт и во 2021 ќе направи голема загуба, а според бизнис-планот на ова акционерско друштво во државна сопственост, таа ќе изнесува 469.582.000 денари. Претпријатието за железнички транспорт на стока и патници веќе е најголем должник и минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра.

„Со набавката на четирите локомотиви кои се во сообраќај состојбата на техничко-технолошка експлоатациона моќност на ЖРСМ Транспорт АДСкопје се зголеми, трошоците на експлоатација се намалени, а со самото тоа финанасиските резултати се подобруваат“, сметаат од таму, но ситуацијата во реалноста е поинаква.

Планираните вкупни трошоци се 1.736.227,00 илјади денари, додека планираните вкупни приходи изнесуваат 1.266.645,00 илјади денари. Транспортните приходи се планира да изнесуваат 861.400,00 илјади денари.

Државата стандардно од сопствениот буџет преку Министерството за транспорт и врски ќе даде 400 милиони денари за субвенионирање на патничкиот сообраќај, за кој пак се потребни  817 милиони, поради што се очекува загуба од 378 милиони во овој сектор, имајќи предвид дека самите патници за билети ќе платат само 35,8 милиони. И кај товарниот сообраќај е планирана загуба од 91,2 милиони.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави Физбилити студија, меѓуостанатите, и за ЖРСМ Транспорт која ќе покаже дали ќе има потреба и можност за негово управување преку јавно-приватно партнерство, или пак ќе треба да се реорганизира.

„Нашите анализи покажаа дека преструктуирањето на некои од претпријатијата е неминовен процес кој што ќе се одвива во наредниот период, впрочем истите се во корелација со податоците од оваа анализа. Веќе знаете дека Владата има започнато процес на избор на компании за физибилити  студија за Македонски пошти и ТЕЦ Неготино и истиот процес ќе следи и за Железници на Северна Македонија Транспорт, ТЕЦ Осломеј или дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД Електрани на Северна Македонија. 

Според податоците од физибилити студијата ќе се утврди моделот кој е најсоодветен за преструктуирање на овие претпријатија, дали тоа ќе биде јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација на истите“, рече Битиќи.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии