Земал ли „Гранит“ кредит да си купи акции во „Комерцијална банка“?
Објавено во: Економија 11 Април, 2018 07:01
„Фактор“ достави прашања до „Гранит“ дали е точно дека земале кредит за да ги платат акциите во „Комерцијална банка“ што ги купија за 7 милиони евра со цел да им ставиме крај на шпекулациите во инвеститорската заедница во земјава. На потег е менаџментот на „Гранит“ кого безуспешно го чекавме 20 дена да ни одговори кои им се приоритетите за вложување во акции на „Комерцијална банка“?
Земал ли „Гранит“ кредит за да купи акции во „Комерцијална банка“? Ова е прашање кое како шпекулација циркулира во домашната инвестициска заедница и на кое „Фактор“ побара одговор од менаџментот на компанијата. Доколку добиеме одговор ќе го обајвиме во целост.
„Фактор“ праша за неколку аспекти кои се од интерес на инвеститорската заедница. Прво, дали е точно дека „Гранит“ земал кредит за да купи акции во „Комерцијална банка“, второ ако се покаже за точно колку пари се задолжи „Гранит“ и во која банка и трето кои се елементите заради кои е приоритет да се вложува во акции на „Комерцијална банка“?
Зошто врвен приоритет на „Гранит“ стана купување акции во „Комерцијална банка“?
Врвен приоритет на „Гранит“ стана купување акции во „Комерцијална банка„ и за тоа да плати 7 милиони евра! Секоја акција е купена на цена од 3.750 денари што е значајно високо пазарно ценовно ниво за таа акција. Ги праша ли некој стотиците мали акционери во „Гранит“ – домашни физички лица дали сакаат тие 7 милиони евра да им ги поделат: 1. како дивиденда; 2. да ги вложат во акции; 3.со нив да купат нова градежна опрема? Дали вакви гестови создаваат сива зона за злоупотреби на корпоративни пари за зачувување на лични и персонални интереси на најголемите риби во македонската бизнис елита ??? За потсетување, кон крајот на март најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ купи 113.700 акции со право на глас во најголемата домашна деловна банка „Комерцијална банка“ Во акции на една од најголемите банки „Гранит“ вложи 426,4 милиони денари односно 7 милиони евра. По кој основ врвен приоритет на „Гранит“ е да вложи 7 милиони евра кеш во 4,99 отсто од акциите на оваа банка?
„Фактор“ побара, но и после 20 дена не доби официјално објаснување од „Гранит“. Во суштина, „Гранит“ за неколку промили купи помалку од 5 отсто од акциите во големата македонска банка и со тоа ја избегна обврскатакоја ја имаат акционерите кои поседуваат 5 отсто акции во банка за што треба да добијат одобрение од централната банка. Информацијата за купување акции во „Комерцијалната банка“ изненади многумина акционери. „Гранит“ кој е голем клиент на „Комерцијална банка“, а ги плати акциите по цена од 3.750 денари за акција. Продавач беше шведски инвестициски фонд кој поседуваше повеќе од 13 отсто од акциите со право на глас во таа банка. Шведскиот фонд ги продаде сите свои акции со право на глас во таа банка. Најмногу акции купи токму „Гранит“, а освен оваа градежна компанија акции во „Комерцијална банка“ во оваа купопродажба како купувачи учествуваа уште три други домашни компании: градежната компанија „Адора Инженеринг“, ИГМ Трејд компанијата на Илија Гечев од Кавадарци и сервисната компанија „Индустри Сервисес“ од Скопје. Суштинската разлика меѓу „Гранит“ и трите други компании е во структурата на нивната сопственост. Имено трите други фирми се со силна концентрација на сопственост зашто имаат по еден или неколку сопственици. „Гранит“ за ралика од нив има повеќе стотини сопственици (физички и правни лица). Што ќе одбереа тие? Да купи менаџментот акции во „Комерцијална банка“ за 7 милиони евра, да им ги подели во дивиденда или да ги инвестира во дејноста?
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




