ЗЕМЈИ СО НИЗОК СТАНДАРД: Можат ли да се прехранат со два долари на ден?
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2023 08:16
Во светот постојат многу земји со низок стандард, каде жителите за да купат храна на дневно ниво трошат по два долари.
Многу јутјубери во своите видеа објаснуваат што може да се купи за тие пари во различни земји.
„За 2 долари, можеме да купиме повеќе работи како, овошје, зеленчук и други намирници, а за мене лично, често готвам ориз и тестенини затоа што мојата финансиска состојба не е добра. За 2 филипински пезоси не можеме да купиме ништо, но за 2 долари можеме да купиме многу работи. Meсото има прифатлива цена. За тие пари можете да купите свинско или говедско месо“, вели Анаросе Дуга од Филипините која снима видеа за рецепти.
Хилола Хатамова од Ташкент, Узбекистан објаснува дека во главниот град каде таа живее, храната не е евтина, но во помалите места, луѓето дневно трошат по 3 или 4 долари за купување намирници.
„Всушност, одговорот зависи од регионот во Узбекистан. На пример, во Ташкент или во други туристички градови цените се речиси како во Европа. Другите региони се многу поевтини, можеби дури и 3-4 долари се доволни за еден ден. Но, за главниот град тоа е околу 7 долари. Лебот чини половинар долар, а традиционалните јадења се евтини. Цените на овошјето и зеленчукот се движат од 1 до 2 долари“, вели Хатамова.
Украински јутјубери лани во август снимаа видео како купуваат храна од улични продавачи. Тие за два долари купија повеќе овошја и зеленчуци, но објаснија дека на други места, истите намирници чинат трипати поскапо. Украинците кои ги прашавме за мислење, велат дека сега цените се повисоки од лани, така што малку работи можат да се купат за 2 долари, посебно во Киев. Украинка која работи во соседна Бугарија вели дека Украина веќе не е толку евтина, туку цените на храната се нешто пониски од оние во Бугарија.
Според податоци на Евростат и Македонија претходно беше рангирана како земја со најевтина храна во Европа, но во светот Индија, Пакистан, Узбекистан, Сирија беа споменувани како држави каде храната е многу евтина.
Македонските граѓани се жалат на скапотијата и со два долари не може да се задоволат дневните потреби за храна. До крајот на 2023 година, четвртина од македонските граѓани ќе бидат сиромашни. Ова се однесува на оние кои преживуваат со помалку од 200 денари на ден. Ова беше кажано на дискусија која неодамна ја организираше Македонската платформа против сиромаштија.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/8photo
Можеби ќе ве интересира
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети




