08 Декември, 2025
0.0321

Земјите од Г-20 сo дополнително време ќе го кастрат буџетскиот дефицит

Објавено во: Свет 06 Ноември, 2012 09:12

Добивај вести на Viber

Водечките економии во светот си дадоа уште малку маневарски простор во постигнувањето на целите за намалување на буџетските дефицити, за да не ризикуваат да го влошат економскиот пад во многу земји и најмногу во САД, пренесоа светските агенции.

На својата средба во мексиканската престолнина, што се оддржа само ден пред претседателските избори во САД, претставниците на земјите од Г-20 изразија загриженост затоа што исполнувањето на преземените ветувања за намалување на половина на буџетските дефицити до крајот на оваа година во економски развиените земји може да и наштети на глобалната економија, која и онака е западната во тешкотии.

Во заклучното коминике од средбата земјите од Г-20 соопштија дека „имајќи го предвид слабиот раст тие ќе гарантираат дека темпото на фискална консолидација ќе биде во правец на поддршката за заздравување“.

Целта за кастрењата на половина на дефицитите беше договорена на самитот во Торонто во 2010 година, кога се чинеше дека глобалната економија ја надмина финансиската криза од предходните две години. Сега, меѓутоа, изполнувањето на оваа цел изгледа невозможно за некои економии, вклучувајќи и таа на САД, бидејќи растот се забави, забележуваат британските медиуми.

-Сега целта е тоа да се постигне во текот на 2013 година, иако има и мала тенденција тоа да се случи и подоцна, вели Кристин Лагард, извршниот директор на Меѓународнипт монетарен фонд. Таа забележа дека формулациите за финансиските прашања претрпеле промени, имајќи ги предвид ситуацијата во различни земји.

САД треба да го надминат својот дефицит, што во финансиската 2012 година веќе четвртта година по ред надминува трилион долари, но многу земји од Г-20 се порастревожени од многу големото зголемување на даноците и од намалувањето на трошоците, кои треба да влезат во сила на 1 јануари. Според некои, тоа може повторно да доведе до рецесија на американската економија и да му наштети и на светското производство, освен доколку Конгресот не постигне брз договор по претседателските и парламентарни избори во САД.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Трамп го обвинува Зеленски дека не го прочитал предлогот за мир во Украина

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп - Зеленски на средба со европските лидери во Лондон

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Русите намалија со алкохол: Драстичен пад на потрошувачката

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

Петгодишно дете со жижица предизвика пожар во Германија

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

(ВИДЕО)Дали синот на Трамп тукушто го објави целосното повлекување на Америка од договорот за Украина?

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Рускиот гас ќе биде целосно забранет од овој датум: Три земји ќе продолжат да го увезуваат

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

Во Перу запленети над 3 тони кокаин наменет за пазарот во Европа

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

РУСИЈА ГО ПОФАЛИ ТРАМП: „Исклучувањето на Русија од листата на „директни закани“ е позитивен чекор“

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија

(ВИДЕО) Најмалку 25 загинати во пожар во ноќен клуб во Индија