20 Декември, 2025
0.0479

Земјите од поранешна Југославија должат повеќе од 104 милијарди евра

Објавено во: Балкан 18 Август, 2015 13:30

Добивај вести на Viber

Републиките од поранешна СФРЈ имаат долгови со вкупна вредност од над 104 милијарди евра, износ добиен со собирање на јавните долгови на сите шест републики, пишува весникот „Вечерње новости“. jugoslavija Пред распадот во 90-тите години на минатиот век јавниот долг на СФРЈ изнесувал 20 милијарди долари, доека моментално јавниот долг на Србија надминува 24 милијарди евра. Најзадолжени од поранешните републики во составот на СФРЈ се Хрватска со 37 милијарди евра и Словенија со 30,7 милијарди евра јавен долг. Долгот на Хрватска надминува 87 проценти од БДП на земјата, додека на Србија тој изнесува 71,8 отсто, а на Црна Гора 54 проценти од БДП. Македонија има јавен долг од 3,26 милијарди евра. Во регионот најголем долг има Унгарија, што изнесува 83,4 милијарди евра, додека Грција е надвор од конкуренција со 304 милијарди евра или 168 проценти од БДП. Вкупниот светски долг изнесува 54.600 милијарди евра, а во тој долг уделот на САД е 29 проценти, а на Русија 0,49 отсто. Држави со најнизок јавен долг се Саудиска Арабија со 1,82 проценти од БДП, Брунеи со 3,28 отсто, Хонг Конг со 6,37 проценти. Најзадолжени се Јапонија со 246 проценти до БДП, пред Грција, а потоа следи Италија со 135 отсто од БДП.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација