29 Септември, 2024
0.0286

ЖЕНА ИЛИ МАЖ: Профил на идниот претседател на Македонија

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорѓе Иванов го “ситни“ вториот мандат во политички значаен период за евроатланската иднина на Македонија, во услови на длабока политичка криза која ги обои изминатите години и во амбиент во кој  одлуките на  политичките играчи и државниот врв ќе ја исцртуваат перспективата на земјата. Дали во ваков контекст, Македонија има претседател што обединува или разединува и како експертите го “профилираат“ новиот “татко“ на нацијата, со оглед на тоа што сегашниот,  Иванов повеќе нема право да се кандидира за  трет мандат на претстојните претседателски избри?

Консенузален претседател, маж или жена ...

Во пресрет на претседателските избори, во јавноста веќе се шпекулираат имиња на можни кандидати. Претседателот Иванов го завршува вториот мандат, без право на реизбор за трет, па оттука, според аналитичатите претстои интересен период во кој се очекуваат нови, а можеби, и досега познати имиња за кандидати за шеф на државата.

Не е исклучено во претседателската изборна трка повторно да се вклучи Стево Пендаровски, универзитетски професор и поранешен кандидат за претседател. Од неодамна Пендаровски е назначен за Национален координатор за НАТО, Од 2001 година тој е дел од претседателскиот тим – како шеф за национална безбедност и главен советник за надворешна политика во кабинетите на претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Уште едно име кое се споменува во политичките кругови е на актулената министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска. И досега имало жени-кандидати за претседателската функција, но никогаш не ја добиле потребната поддршка .

“Сум слушнал многу имиња на аспиранти. Очекувам списокот да биде уште подолг. А ниту една функција не сум ја гледал како родово, етнички или генерациски исклучива“ – вели еден од поранешните пратеници, претседателот на Либералната партија,  Ивон Величковски.

Дел од аналитичарите велат дека не би биле изненадени доколку владејачката СДСМ  номинира жена за претседател.

“Можен е ваков пресврт. Зошто не? Наспроти некои мислења, сметам дека македонското општество е подготвено да го препознае квалитетот наспроти верата, етничката припадност или полот“ – вели новинарот, аналитичар Звездан Ѓоргиев.

Сите досегашни претседатели беа оспорени, или по партиска или по етничка линија. Македонија досега не доби претеседател чиј легалитет ќе биде признанен од сите политички фактори, без разлика на етничкиот или партискиот предзнак. Во еден од претседателските циклуси, значјна порака испратија гласовите што ги доби Имер Селмани, кој на изборите во 2009 беше кандидат на Нова демократија. Селмани во првиот круг доби поддршка од 15,2% од гласачите, недоволни за да влезе во вториот изборен круг. И покрај тоа Селмани ќе биде запаметен како кандидат кој успеа за момент да ја неутрализира етничка боја, освојувајќи и гласови од македонскиот кампус.

За  консензуален претседател потребна е демократска зрелост, велат дека од аналитичарите.

“Ако тоа беше можно во 1990, не гледам зошто 28 години подоцна би ја немале. Но, да не се лажеме – тоа е можно само доколку претседателот на Републиката го бираме во Собрание. Во спротивно, ќе продолжи тенденцијата изборот на претседател да биде дел од нови кризи и поделби. Забележливо е дека цензусот перманентно се намалува за претседател воопшто и да се избере. Од 1994 до денес – немаме ‘неоспоруван’ претседател. Да не замижуваме пред фактите“ – вели Величковски.

Според Ѓеоргиев, во сегашниот политички контекст, не постојат услови за избор по принципот на консензус.

“Не знам ни што значи претседател со консензус. Тоа секогаш сомнително ми мириса во услови на плурализам. Општеството е составено од бројни и различни интереси, а политичките партии би требало низ своите програми и политики да ги артикулираат тие интереси, така што мислам дека нешто би било гнило во општеството ако главните политички партии се сложат дека една личност може да застапува и либерални и социјални и национални и глобалистички... интереси. Консензус би можел да се постигне како дел од некаков политички договор, но само ако тој се бира во парламентот, но на тој начин неговиот легитимитет ќе биде значително намален. Имено, претседателот го црпи легитимитетот токму од општите избори и од бројот на освоени гласови, а со оглед на огромната поделеност во општеството сметам дека консензусот во овој случај воопшто не е добро решение“ – вели Ѓоргиев.

Смените во врвот на Вмро-Дпмне заедно и со промените во клучните партиски органи беа клучен фокус на опозициската партија, која доби нов лидер.  Сериозните внатрепартиски промени  го дефокусираа прашањето за можни кандидати за претстојните претседателски избори, но секако е извесно дека најголемата опозициска партија ќе “трча“ со свој кандидат за шеф на државата.

Профил на “татко“ на нацијата“ ...

Без разлика на полот и етничкиот предзнак, претседателот на државата е  лик кој легалитетот  го црпи од гласачите и затоа мора да покаже државнички, а на партиски став пред истите тие гласачи, коментираат аналитичарите.

“Неговиот профил ќе биде одреден од задачите пред кои ќе биде исправен. А од тоа ќе зависи и неговата улога“ – вели Величковски.

Досегашните претседатели носеа и “партиски“ товар, често обинувани од опонентите дека служат на партијата а не на државата. Иако ингеренциите на претседателот се ограничении, сепак историјата покажа дека тој може да биде и кочничар и инцијатор на одредени процеси и одлуки.

“Претседателот освен што ќе ги следи своите уставни обврски, треба да биде иницијативен, да нуди предлози и решенија за главните прашања од јавен интерес, да поседува интегритет и легитимитет, првенствено меѓу граѓаните, а потоа и меѓу политичките чинители, да биде транспарентен и во постојана комуникација со граѓаните, да поседува сопствено мислење и сопствен систем на вредности кој нема да зависи од политичките елити и секако да биде коректив на извршната власт. Со еден збор, да почне да се меша во својата работа“ – вели Ѓоргиев.

Од 1991 година, Македонија ја водеа четири претседатели, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов. Мандатот на претседателот е пет години, со право на реизбор и за втор мандат.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“