29 Септември, 2024
0.0272

Жерновски: Битката со 400 дивоградби за осум месеци нема да биде лесна

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Откако македонските власти добија последна опомена и осуммесечен мандат да се справат со 400-тини дивоградби во загрозеното подрачје на Охрид на барање на УНЕСКО, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски вели дека тоа ќе биде вистински предизвик.

Доколку тоа не се случи, Охрид ќе биде на листата на загрозени подрачја под заштита на УНЕСКО., а допрва претстои борбата со узурпаторите. На 43-тата седница на Комитетот за светско наследство одржана во Баку беше утврден рок до 20 февруари Охрид да ги исполни условите што се бараат од 2017 година. Советодавните тела наложија и соработка меѓу институциите на Северна Македонија и Албанија, односно меѓу двете страни на Охридското езеро.

"Апсорбиравме оптимизам од изјавите и верувам дека тоа ќе се случи. Знам дека оваа битка не е лесна, јас бев градоначалник и знам дека станува збор за многу интереси, но сега е време да се убеди УНЕСКО и светот дека навистина ја имаме истата желба, без разлика на тоа кому му припаѓаат овие бесправни конструкции и кој стои зад нив“, гласи одговорот на Жерновски за ТВ21.

Во македонската делегација во Баку, каде што се решаваше за статусот на Охрид, покрај Жерновски, беше и министерот без ресор Едмонд Адеми и градоначалникот Константин Георгиевски, кој враќањето од состанокот го претстави како успешен.

„Почитувани, со големо задоволство сакам да Ве информирам дека Комитетот на светско наследство на УНЕСКО на својата 43-та сесија која се одржува во Баку, Азербејџан, денеска официјално одлучи Охридскиот регион да не биде впишан во Листата на Светско наследство во опасност. Оваа одлука се заснова на констатираниот напредокот во реализацијата на препораките од мониторинг мисијата на УНЕСКО од 2017 година и нашите заложби за успешноста на овој процес“, напиша тогаш Георгиевски на својот профил на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“