ЖЕШКА ЛИНИЈА ЗАЕВ-ЦИПРАС: Кога да очекуваме телефонски разговор ?
Објавено во: Економија 04 Јуни, 2018 08:51
Во Скопје и Атина се нетрпение се очекува најавениот разговор на премиерите Заев и Ципрас .
Засега уште нема информации кога тој разговор меѓу двајцата премиери ќе се случи, но првиот човек на Владата на Македонија кажа дека е потребно да се решат некои технички проблеми најпрво.
Уште е неизвесно дали и воопшто до тој разговор ќе дојде а не се исклучува ниту можност да се одложи.
Дека се уште ништо не е доведно до крај, кога Ципрас и Заев би можеле да се слушнат, што би значело само вовед во нивната средба во Преспа до половината на јуни, каде договорот би бил и официјализиран, потврдено е на некој начин со изјавата на портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос велејќи дека „ништо не е готово, додека не биде готово“.
„Нема да има никаков договор, доколку Скопје не прифати ерга омнес и промена на уставот, односно донесување на уставни амандмани“, рекол Ѕанакополус пред новинарите во Атина.
Повикувајќи се, на како што велат, извори од владата , атинскиот весник Ефемерида пишува дека потврдувањето на договореното, во врска со името е во „многу критчна фаза, со многу пресврти кои се случуваат од минута во минута“.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




