ЗГАСНАЛО ДРУШТВОТО ЗА ТРГОВИЈА СО НАФТА „ПЕТРОЛГАС“ ОД ТЕТОВО - „Тетекс“ ја извести инвеститорската јавност
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2023 10:02
Згаснало трговското друштво Петролгас од Тетово.
Оваа информација ја објави тетовскиот комбинат Тетекс преку Берзата, од каде информираа дека трговското друштво Петролгас, кое е поврзано со Тетекс, е избришано од трговскиот регистар.
„Тетекс АД Тетово објавува дека на ден 29.09.2023 година, согласно Решение издадено од Централен регистар на Република Северна Македонија,
извршено е бришење од Регистарот на Трговско друштво за трговија со нафта и нафтени
деривати ПЕТРОЛГАС ДООЕЛ Тетово, поврзано друштво со Тетекс АД Тетово согласно Законот за трговски друштва“, се вели во објавата до Берзата од тетовскиот комбинат.
Причините за бришењето на ова друштво од Регистарот, односно неговото згаснување, не се објавуваат, ниту што се случило со имотот на тоа друштво.
Како што веќе сме пишувале, пред неколку години згасна производството на текстилни производи, што всушност беше кор бизнисот на Тетекс. Сепак, друштвото работи многу профитабилно, главно поради успешното работење на ТТК Банка, која е нивна златна кокошка и постојано прикажува одлични финансиски резултати.
Кон крајот на минатиот месец, Тетекс исто така преку берзата информираше дека заложиле под хипотека имот вреден близу 3,5 милиони евра, што е над 5 отсто од вредноста на друштвото, и поради тоа е неопходно таково известување да се даде и до инвеститорската јавност.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




