ТЕТОВСКИ „ТЕТЕКС“ ЗАЛОЖИ ВРЕДЕН ИМОТ - под хипотека даде недвижност од три и пол милиони евра
Објавено во: Економија 22 Септември, 2023 15:17
Познатиот тетовски комбинат „Тетекс“ кој од пред неколку години се откажа од основната дејност, односно производствотои на текстил, информира дека ставил под хипотека имот во вредност од близу три и пол милиопни евра.
За ова „Тетекс“ ја информираше инвеститорската јавност преку ценовно чувствителна информација на Берзата, со оглед што вредноста на имотот кој е ставен под хипотека опфаќа над 5 проценти од вредноста на вкупниот капитал на ова акционерско друштво.
„Спгласно член 35 од Правилата за кптација, известуваме дека на ден 21.09.2023 година Тетекс АД Тетпво склучи Договор за заснпвање хипптека на недвижен импт во сппственост на Друштвото во вредност од 3.485.000 евра плус ДДВ, што претставува ппвеќе пд 5 отсто од вредноста на капиталот на Друштвото определена врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи“, се верли во објавата од компанијата.
Како што веќе пишуваше Фактор, во првото полугодие од годинава „Тетекс“ прикажа фактастичен финансиски резултат, односно зголемување на добивката од 333 проценти. Во првите шест месеци од годинава „Тетекс“ прикажал чист профит од близу 380 илјади евра, бројка која сама по себе и не е толку голема, но она што паѓа во очи е огромниот пораст на нето добивката во однос на истиот период од минатата година, и тоа за дури за 333 проценти. Односно, во првото полугодие лани „Тетекс“ имал остварено добивка од само 87 илјади евра, така што годинашниве 378 илјади евра се всушност огромен пораст за над 300 проценти.
Со оглед што ова друштво реши да се откаже од својот кор бизнис, односно производството на текстил, и да продолжи да функционира главно од издавање на својот деловен простор, а негова „златна кокошка“ е одличната ТТК банка, која секогаш испорачува прилично солидни финансиски резултати.
Вкупните оперативни приходи што ги остварила компанијата во првото полугодие од годинава се на ниво од 1,47 милиони евра, што е исто така огромен пораст во однос на минатата година, за 268 проценти.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




