Зголемени ученичките стипендии
Објавено во: Економија 04 Јануари, 2013 12:22
Стипендиите за учениците запишани во средните училишта во Република Македонија за учебната 2012-2013 година ќе се зголемат за 25 проценти, одлучи Владата на вчерашната седница.
Месечните износи за сите категории ученички стипендии, како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција, линеарно се зголемуваат за 500 денари за сите пет видови стипендии кои активно ќе се доделуваат оваа година или за 5.000 денари на годишно ниво. Покрај износот, тој посочи дека за 10 отсто се зголемува и бројот на лицата кои добиваат стипендии.
- Стипендијата за талентирани ученици – спортисти која ја добиваат 120 корисници и чиј месечен износ изнесуваше 2.200 денари се зголемува на 2.700 денари. Месечниот износ на стипендијата за талентирани ученици од средното образование од 2.200 денари сега ќе изнесува 2.700 денари. Владата реши да го зголеми бројот на корисниците на оваа стипендија и од претходните 50 сега ќе ја добиваат 100 корисници, рече Ѓорѓиев.
Месечниот износ на стипендија за ученици со посебни потреби која ја добиваат 50 корисници и изнесуваше 2.000 денари сега ќе изнесува 2.500 денари, додека стипендијата за социјална поддршка што ја добиваат 400 корисници од по 1.500 денари се зголемува на 2.000. За 500 денари, се зголемува и месечниот износ на стипендијата за ученици – деца без родители од 2.000 на 2.500 денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





