05 Декември, 2025
0.0321

Зголемените цени на храната се ризик за светот во развој?

Објавено во: Анализа 31 Март, 2014 14:22

Добивај вести на Viber

Неодамнешниот скок на цените на суровините засили стравувањата на некои експерти дека пазарите би можеле да бидат изложени на ризик од повисока инфлација. Иако за момент такво сценарио не е можено, загриженоста се зголемуваат со уште поголема сила. Цените на земјоделските производи се особено важни за новите пазарни економии, бидејќи значителен дел од нивното население живее под прагот на сиромаштијата. Фјучерсите на кафето, на пример, достигнаа висок двегодишен максимум претходно овој месец по екстремната суша во Бразил. Договорите за пченицата пак поскапеа за речиси 23 отсто од крајот на јануари досега. Според истражувањето на Capital Economics, сепак иако цените на храната се зголемуваат во пазарите во развој, тие се уште се пониски во однос на една година порано. Тоа го намалува ризикот од ненадеен пораст на вкупната инфлација. Екстремните временски услови, повисоките цени на нафтата и промената во инвестициските ставови кон стоките како резултат на светската финансиска криза во 2007 година предизвикаа нагло покачување на цените на прехранбените производи. Откако беше релативно стабилно во последните 20 години, индексот на цените на храната на ОН се покачи повеќе  два пати во периодот помеѓу 2007 и 2008 година. Според експертската група Oakland Institute, високите цени на храната тежат особено силно врз економиите во развој и остава една милијарда луѓе гладни. Поради ова  скокот на цените на одредени земјоделски производи од почетокот на годината се внимателно следени од експертите. Подготовениот од државните власти индекс, внесувајќи флуктуации во цените на најважните 19 стоки, вклучувајќи шеќер, пченица, пченка и кафето, се искачи со приближно 10 проценти од почетокот на 2014 година. Според Capital Economics трендот може да влијае особено силно врз проблематични места како Индонезија, Турција, Јужна Африка, Русија и Бразил. А сепак, според други експерти слични тешки сценарија се малку веројатни во моментов. "Тоа е нешто за што централни банки може да се загрижени ако шокот во снабдувањето се шири и во други делови на економијата. Јас сепак не мислам дека тоа прави централните банкари да не можат да спијат ноќе", истакнува Тим Кондн, главен економист за Азија во ING. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени