17 Декември, 2025
0.0495

Зградата на министерството на Груби стана „зграда на ДУИ“

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2021 07:15

Добивај вести на Viber

Во зградата на Министерството за политички систем и односи на заедниците, инаку предводено од првиот вицепремиер Артан Груби, се вселија уште четири институции, од кои повеќето се формирани на иницијатива на ДУИ во изминатиот период. Владата со одлука на седница им додели нешто помалку од 1.000 метри квадратни во новата зграда која порано беше на АДСДП.

Во истата зграда со одлука на Владата се сели Ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, инаку формиран во 2018, на кого на трајно користење на вториот кат му се доделуваат шест канцеларии со површина од 144,5 метри квадратни.

Агенцијата за примена на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, формирана во 2019, добива најголем простор - 306,5 квадратни метри, односно осум простории кои до сега на третиот кат му припаѓале на Министерството за политички систем.

На Инспекторатот зз употреба на јазиците, кој инаку е под надлежност на Министерството за правда, на првиот кат му се доделуваат седум канцеларии од 257 метри квадратни, од кои најголемата има 87 м2. На Агенцијата за остварување на правата на заедниците му се даваат 306 метри квадратни на првиот кат со седум канцеларии, од кои најголемата има 137,5 метри квадратни.

Владата за 620 милиони денари го купи објектот од Акционерското друштво за станбен и деловен простор, а Министерството за политички систем експресно се всели на почетокот од јануари. Настанот предизвика контроверзности затоа што на свеченото отворање таму беше прославен роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а истовремено Државната комисија за спречување на корупцијата која инаку немаше свои простории се побуни дека на нив прво им било ветено дека ќе работат таму, но на крајот не добиле ништо.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди