16 Јануари, 2025
0.0334

Зградата „Водњанка“ ќе претставува револуција во градежништвото во Македонија

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Македонската градежна компанија ЦИВКОН почна со градење на првата високо енергетски ефикасна и пасивна зграда во Република Македонија „Водњанка“. Првиот суштински различен станбен објект, за своите идни сопственици, овозможува заштеда до 6.000 евра, подобро здравје и поголем конфор. Според Андреј Андреев, магистер по технички науки во областа на енергетската ефикасност и сертифициран дизајнер на пасивни куќи од престижниот Институт за пасивни куќи во Дармштадт, Германија, со ова се означува почетокот на новата ера во градежништвото во Македонија, односно дека станува збор за револуција во станбената изградба. „Освен финансиската заштеда кај овој објект од класа „А+“ и класа „Б“, овој објект ја намалува емисијата на јаглеродиоксид за 23 тони на годишно ниво, обезбедува висока удобност во живеењето на станарите, максимална звучна изолација и ги штити станарите од геопатски стрес и од влијанието на подземните води“, објаснува Андреев, специјалист за пасивни куќи во земјава. Изградбата на „Водњанка“ е резултат на визијата и желбата да се најде решение на проблемите со кои се соочуваат луѓето во своите домови. „Сакајќи да најдеме решение за проблемите со кои се соочуваме во домовите и зградите, одлучивме да го изградиме првиот објект во Македонија, кој ќе биде суштински квалитетен и ќе ги елеминира сите проблеми со кои живееме во еден објект. Затоа што, здравјето нема цена.“ вели Андреев. Идните станари ќе уживаат благодарение на вградените еколошки материјали но и поради придобивките од фенг шуи поставеноста на елементите во становите. „Со примена на фенг шуи принципите во еден животен или деловен простор се подобруваат здравјето, меѓучовечките односи, виталноста. Едноставно, да се зграбат сите можности што ги нуди животот. Сакаме да живееме здраво, среќно, во благосостојба, она што го нуди фенг шуи преку балансот на енергијата во просторот“, рече Мирјана Секуловска, консултант за фенг шуи, на денешната презентација на „Водњанка“. Според Секуловска, фенг шуи филозофијата најдобро функционира тогаш кога ќе се примени уште од почеток, токму од темелот на градбата. Се очекува „Водњанка“ да биде готова до март 2016 година.

Можеби ќе ве интересира

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?