05 Декември, 2025
0.0332

Зградите во Центар ќе се реконструират и доградуваат!

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2012 08:30

Добивај вести на Viber

Објектите во центарот на Скопје освен реконструкции на фасадите  ќе претрпат и доградување. Ова е предвидено со новата Програма за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје на Скопје, која следната недела ќе се најде и пред Советот на Град Скопје. Во образложението на Град Скопје стои дека реконструкцијата и доградбата на објектите во центарот на градот е потреба од причина што при реализација на постојните фасади на објектите како неминовна се појавила и потребата одделни делови од објектите заради статичка и функционална потреба да бидат реконструирани. -Во централното градско подрачје постојат објекти изградени пред и после педесетите години, кои во времето по Скопскиот земјотрес претрпеле санација и реконструкција. Денеска забот на времето успеал да се појави на фасадите на овие објекти и да ги доведе до потреба од итно реконструирање и доградба. Мерките и активностите за заштита и унапредување на културното наследство се од јавен инетрес, заради што Градот Скопје е должен да планира соодветни активности и од својот буџет да обезбеди финансиски средства за таа цел, образложуваат од градскиот Сектор за планирање и уредување на просторот Засега единствено е познато кои објекти ќе добијат нови фасади, но не се знае кои и како ќе се доградуваат, ниту пак како повторно ќе се заштитуваат како културно наследство. Од Градот велат дека овие информации ќе бидат познати откако за Програмата ќе се изјаснат и градските советници. За фасадите веќе е познато дека ќе се запази не­ок­ла­сич­ни­от стил­ски пра­вец, во чи­ја на­со­ка ве­ќе се ре­кон­стру­и­ра­ат си­те окол­ни згра­ди во стро­ги­от цен­тар на гра­дот. Ре­но­ви­ра­ње­то на фа­са­ди­те на об­је­кти­те на пло­шта­дот во ба­ро­кен стил но и доградбата бе­ше пред­ви­де­на и со многуте из­ме­ни на ДУП-от за „Мал ринг“, но никој точно  и тогаш не кажа како е замислена доградбата. Извори за Фактор велат дека и тоа ќе го искорити градските власти за лични цели и обезбедување на евтини простори. Со оваа Програма ќе бидат опфатени објектите од двете страни по должина на улиците Македонија, 11-ти Октомври, Никола Вапцаров, Димитрие Чуповски и Максим Горки. Парите за реализација на Прогарамата ќе се обезбедат од Буџетот на Град Скопје во висина од 5о отсто и 50 отсто средства од капитални трансфери од Министерството за култура. Реконструкцијата на фасадите во строгиот ценатр е влезена и во тригодишната Програма за развој од 2013 до 2015 година. Од Градот образложуваат дека со новите фасади Скопје ќе го направат попривлечен за странските туристи. Дел од парите се обезбедени преку капитални дотации, односно од Владата. За реконструкцијата следната година е планирано да се потрошат околу 2,3 милиони евра, а во 2014 и 2015 по околу 1,6 милиони евра. 55 илјади евра чини реконструкцијата на првите пет објекти За реконструкцијата на фасадите на првите пет објекти во центарот на Скопје, од градската каса ќе се одвојат 55 илјади, за што пред извесен период Градот СКопје склучи договор со  Друштвото за проектирање,градежно занаетчиски работи,трговија и услуги “Инком инжинеринг” од Скопје. Се работи за реконструкција на пет објекти на улиците Никола Вапцаров и Димитрие Чуповски . Инаку по­ве­ќе од половина милион евра од град­ска­та ка­са се по­тро­ши­ја за ре­кон­струк­ци­и­те на фа­са­ди­те на об­је­ктот „Пе­ли­стер“ и на об­је­ктот над ка­фу­ле­то „Тренд“, на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја, На об­је­ктот „Пе­ли­стер“, ре­кон­стру­и­ра­на е вкуп­на по­вр­ши­на од око­лу 1.200 ква­драт­ни ме­три. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец