Жан-Клод Јункер го испратил последниот предлог за Грција, Ципрас го отфрлил
Објавено во: Балкан, Економија 30 Јуни, 2015 11:50
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер го испратил последниот предлог за Грција во врска со завршувањето до денес, на рокот на важење на втората кредитна програма на меѓународните кредитори, но грчкиот премиер Алексис Ципрас не го прифатил. Ова го пишува грчкиот весник „Imerisia“, повикувајќи се на владин извор.
Според информациите на весникот, Јункер го советувал Ципрас да го прифати последниот предлог на институциите (ЕУ, ЕЦБ и ММФ), во кое бараното зголемување на ДДВ за грчките хотели било намалено (13%, наместо 23%) .
Јункер исто така предложил да се промени во договорот дека ветувањето дадено од Грција во Еврогрупата во 2012 година - да се разгледа можноста за реструктуирање на државниот долг на земјата за сметка на продолжувањето на рокот на неговата отплата и потекло на процентите на каматата ќе биде реализирано во ноември оваа година.
Услов за прифаќање на предлогот било едно писмо на Ципрас до Јункер, претседателот на Еврогрупата Јерун Диселблум, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд, кое ќе биде примено доволно брзо за да биде организирано на 30 јуни итен состанок на Еврогрупата до завршувањето на рокот на важење на кредитната програма.
„Според пораката на Јункер, на таа седница Еврогрупата можеше да го одобри договорот, ако, се разбира, тоа биде прифатено од грчката влада. Целта е владејачката партија СИРИЗА да каже „да“ на предлозите на кредиторите за време на референдумот во неделата, 5 јули“, пишува „Imerisia“.
Грчките власти веќе го отфрлиле последниот предлог на Јункер, забележува изворот на весникот. „Владата на Грција се подготвува за референдумот, со интерес го слуша она што се зборува и пишува, работи над решенија. Алексис Ципрас во недела ќе гласа против предлозите на кредиторите“, тврди тој.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




