19 Декември, 2024
0.0297

Железничката станица во Скопје ќе добие комплетно нов лик, ќе остане ли нешто од идејата на Кензо Танге?

Објавено во: Македонија 04 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Скопската железничка станица ќе се враќа во живот. Според сознанијата на Фактор, деновиве ќе биде објавен оглас за избор на фирма што ќе ја прави реконструкцијата. Каков ќе биде ликот и дали нешто ќе се менува на железничката станица, засега нема никаква информација.

Пред повеќе месеци, беше избрана  консултантска фирма за дизајн на проектот за реконструкција на главната скопска железничка станица. Компанијата требаше да нпраави подготовка и на тендерската документација за избор на компанијата што ќе ја врши реконструкцијата, како и компанијата што ќе биде супервизор на градбата.

Според првичните најави проектот треба да чини 2,9 милиони евра.

Инаку Транспортниот центар, во чии рамки се наоѓа Железничката станица, е проект на јапонскиот архитект Кензо Танге и е ставен во функција во 1981 година. Осмислена е како нова градба што треба да ја замени старата железничка станица, што се  урна со земјотресот во 1963 година. Но, според информациите тој проект  на Танге е недовршен односно изграден е само еден дел од покривот, а останатиот дел од станицата е отворен.

Со години наназад Железничката станица е оставена на забот на времето. Крововите прокиснуваат, патниците смрзнуваат и на пероните и во чекалницата, ескалаторите се надовор од функција. И сето тоа дополнето со нечистотијата, ја прави уажсна сликата за сегашната состојба со Железничката станица.

Пред извесно време беше најавено дека ќе се реконструираат 10 железнички станици низ земјава. Нов лик треба да добијат Железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.

Ќе се потпишува договор за изградба на Куманово – Бељаковце

Избрана е градежната компанија што треба да ја изведува рехабилитацијата на пругата од Куманово до Бељаковце, дознава Фактор. Официјално името засега не се соопштува, но според информациите, деновиве ќе биде потпишан договор, по што се очекува најверојатно градежните активности да почнат со планираните работи во септември.

„Два месеци доцниме со изборот на фирма, но сепак станува збор за крупен проект и доцнењето е предвидено.Имаше повеќе пријавено компании, од кои само девет влегоа во потесен круг и тоа се компании кои веќе работеле на многу вакви крупни проекти. Дел од нив настапија во конзорциум со домашни градежни фирми, но се уште се прави евалуација и објавата на избраната компанија ќе биде во септември кога и се очекува почеток на градежните работи“, изјави неодамна за Фактор Ирфан Асани, директор на МЖ Инфраструктура.

Рехабилитацијата на пругата во должина од 30,8 километри, според планот, треба да заврши најдоцна до 2017 година. Парите се веќе обезбедени од Европската банка за обнова и развој, која лани и додели заем на државата од 46,4 милиони евра. Рехабилитацијата на пругата всушност ќе значи замена на шините и праговите како и санација на мостовите. На железничката траса од Куманово до Бељаковце се предвидени вкупно девет станици и стојалишта, а Куманово ќе добие уште една железничка станица, која ќе биде поблиску до центарот на градот.

Оваа пруга е дел од источната делница на Коридорот 8, односно првата секција од планираното железничко поврзување на Македонија со Бугарија. Ставењето во функција на железничкиот коридор 8 е од стратешки интерес за државава, а кога ќе биде завршен, ќе се протега од јадранскиот брег во Албанија преку Македонија до регионот на Црно Море во Бугарија, со што ќе се овозможи пристап и пократка рута до пристаништата.

Изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе чини околу 145 милиони евра, а од Крива Паланка до Деве Баир дури 332 милиони евра. Овие пари уште не се обезбедени.

ЕБОР обезбеди и грант од 2,5 милиони евра за да заврши проектната документација и да може да се аплицира и за втората фаза од проектот, кој опфаќа изградба на пругата од Бељаковце до Крива Паланка.

Според анализата на сегашната состојба во сообраќајот и во транспортот, неопходни се вложувањата во железничката инфраструктура, посебно во Коридорот 8, кој низ Македонија треба да има должина од 317 километри и да ги поврзе Драч–Тирана–Скопје–Софија–Бургас и Варна.

Изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка ќе започне најдоцна во 2015 година, а ќе заврши во 2020 година. Се проценува дека ќе чини околу 145 милиони евра, од кои 2,5 милиони евра веќе се обезбедени како грант од ЕБОР со намена за изработка на проектна документација, која треба да биде готова до крајот на годинава. За делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој е најтежок и најскап, Министерството за транспорт поднесе барање до ИПА за обезбедување два милиони евра за изработка на основните проекти. Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиони евра, кои треба да се обезбедат од ИПА, ЕБОР и од Европската инвестициска банка.

Македонија има изградено само 154 километри од железничката пруга од Коридорот 8, што е половина од нејзината вкупна должина.

С.Н.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СКОПСКА КОМПАНИЈА СЕ ТОВАРИ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ОД НАД 320 ИЛЈАДИ ЕВРА - кривична пријава заработи и управителот

СКОПСКА КОМПАНИЈА СЕ ТОВАРИ ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ ОД НАД 320 ИЛЈАДИ ЕВРА - кривична пријава заработи и управителот

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

„ВО КРИТИЧНИОТ МОМЕНТ КАМЕРИТЕ 'СЛУЧАЈНО' НЕ РАБОТЕЛЕ“: СДСМ тврди дека има вмешаност на надлежните во бегството на Груби

Андоновски: На барање на Мицкоски, издвоени 1,5 милиони евра за филмови за Тоше

Андоновски: На барање на Мицкоски, издвоени 1,5 милиони евра за филмови за Тоше

ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ – КЛУЧ ЗА ИНКЛУЗИЈА, НО СО СЕКОЈДНЕВЕН СТРЕС И НЕСИГУРЕН СТАТУС: Амандманите на ЛДП како чекор кон трајно решение

ОБРАЗОВНИ АСИСТЕНТИ – КЛУЧ ЗА ИНКЛУЗИЈА, НО СО СЕКОЈДНЕВЕН СТРЕС И НЕСИГУРЕН СТАТУС: Амандманите на ЛДП како чекор кон трајно решение

„ВОДА НЕМА НИ ЗА ЛЕК“: Се испразнија полиците на маркетите во Скопје

„ВОДА НЕМА НИ ЗА ЛЕК“: Се испразнија полиците на маркетите во Скопје

КАЛАЈЏИЕВ ЗА ГРУБИ: Не можел да биде приведен при преминување на границата со Косово, мерките како „стоп листа“ се спротивни со Уставот!

КАЛАЈЏИЕВ ЗА ГРУБИ: Не можел да биде приведен при преминување на границата со Косово, мерките како „стоп листа“ се спротивни со Уставот!

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!

ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ТРОПА НА ВРАТА: Во периодот од 20 до 24 декември многу снег ќе наврне на Балканот и во Македонија!

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа

СВЕТСКА БАНКА: Граѓаните на Скопје и Тетово се изложени на значително повисоки нивоа на PM2.5 за разлика од Западна Европа

АЛАРМАНТНО: Кавадарци и Струмица вечерва се со многу високо загаден воздух

АЛАРМАНТНО: Кавадарци и Струмица вечерва се со многу високо загаден воздух