Железничкиот сообраќај на релација Солун-Скопје се нормализира
Објавено во: Економија 31 Мај, 2016 13:18
Железничкиот сообраќај од Солун кон Скопје од денеска ќе се одвива нормално.
По седумдесетдневна блокада на пругата на Коридорот 10 од мигрантите кај Идомени во Грција, сообраќајот ќе се нормализира.
Се очекува повторно да биде воспоставена и редовната железничка линија кон Солун.
Грчката железница вчера заврши со контролата на пругата која беше блокирана повеќе од 70 дена од бегалците и мигрантите во бегалскиот камп кај Идомени. Со преместување на бегалците од Идомени во бегалските центри во Солун, линијата е ослободена, но сепак се направени проверки за да се види дали има некакви проблеми.
Блокадата на железничкиот сообраќај ќе има финансиски последици. Проблемите од блокадата најверојатно ќе влијаат и на процесот на приватизација на грчката железница, која и онака тоне во долгови.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




