05 Декември, 2025
0.0267

Жерар Депардје станува Белгиец, бега од новиот француски данок

Објавено во: Стил 12 Ноември, 2012 09:34

Добивај вести на Viber

Новиот данок за француските богаташи кој неодамна беше одобрена од Владата го принуди Жерар Депардје да се пресели во соседна Белгија. Актерот потврди дека веќе купил луксузен стан во „Земјата на чоколадо“. Станот се наоѓа во Нешен на самата граница со Франција. Градот станува се попопуларен меѓу француските милионери, кои бегаат од високите даноци. Депардје соопшти дека преговара и за купување на ресторан во Белгија. „ Ја сакам Франција, но да ти земат данок во висина од 75% од приходот е страшно“, изјави 63-годишниот актер. „Што се однесува до ресторанот, сакам да го купам, но не само за да заработувам од него, туку и поради одличнте јадења коишто се подготвуваат во него“. Воведување на данокот за милионерите беше едно од предизборните ветувања на францускиот претседател Франсоа Оланд.На овој начин Владата се надева дека ќе ја пополни државната каса со 10 милијарди евра, кои ќе одат за отплата на буџетскиот дефицит. Данокот е воведен како привремена мерка од 3 години, почнувајќи од 1 јануари 2013 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: