05 Декември, 2025
0.0323

Жерновски: Нема да има барок врз ГТЦ- ниту „Шпански скали“ на плоштад!

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2013 20:15

Добивај вести на Viber

Градскиот трговски центар и зградата на ЕВН ќе куртулат од барокот. Вака градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски го протолкува неизгласувањето на барањето за промена на Деталните урбанистички планови во општина Центар, меѓу кои и тој за Мал Ринг. Според Жерновски,ако беа изгласани измени во ДУП-овите, ќе се легализираше промената на фасадниот изглед. „„Успеавме да ги спасиме ЕВН и ГТЦ. Објектот на ГТЦ е изграден по конкурс на југословенско ниво како првонаграден проект, добитник е на националната награда „11 октомври“ и добитник на највисоко југословенско архитектонско признание. Зградата на ЕВН е претставник на „Ѕид завеса“ – правец во архитектурата“, истакна градоначалникот и додаде дека сега не можат да добијат дозвола од општината, постапката веќе е завршена и затоа не може да се продолжи процедурата. „Во иднина ќе носиме нови ДУП-ови каде ова нема да биде опфатено“, додаде тој. Според него и Шпанските скали како дел од новата трикатница на плоштад, од општина Центар нема да добијат дозвола за градба бидејќи се надвор од маркицата, па инвеститорот без дозволата нема да може да ги гради. Од ВМРО ДПМНЕ реагираа, велат Жерновски денеска не излезе на прес-конфренција да каже што направил во интерес на граѓаните, туку излезе за да каже што сака да блокира. „Тој наместо да создава постојано само блокира и работи против интересите на општина Центар и нејзините граѓани. Андреј Жерновски исклучиво ја користи својата позиција, за да ја злоупотребува општина Центар за политичка пресметка со ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Очигледно дека личната кариера ја става пред интересите на граѓаните. Андреј Жерновски мора да знае дека блокирањето на градба истовремено значи и помалку пари во општинската каса“, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите