Жерновски обвинува, евтино ја дадовте Центар; Од Министерството велат, ќе ни ја направат за џабе!
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2012 20:26
Од целокупниот простор 51% со површина од 31 000 метри квадратни ќе биде наменет за локалната администрација на Центар, додека преостанатите 49% околу 30 илјади метри квадратни деловен простор ќе ги користи инвеститорот, појаснува Жерновски и прашува колку профит ќе оствари мистериозниот купувач на земјиштето, патем ослободен од комуналиите, од продажбата и стопанисувањето со комерцијалните објекти изградени на овој простор.
„Ако Министерството за транспорт и врски го продава земјиштето според критериумите утврдени со правилникот донесен од Владата, во кој меѓу другото е утврдена и почетната цена, тогаш според кои критериуми почетната цена за ист ваков објект во Општина Аеродром е 5000 денари, а во Центар само 2800 денари“ посочува Жерновски за кој е индикативно што ваквата зделка се прави пред идните локални избори.
„Откако на граѓаните , буквално, им го одзедоа, секој слободен простор, ги исекоа дрвјата, го уништија зеленилото и најдрско и безобразно ја зграбија половина од улицата Македонија пред хотел Бристол, сега пред Градскиот парк, во срцето на легендарното Дебар маало, ќе подигнат петнаесеткатница“, вели тој.
Остра реакција на Министерството за транспорт и врски
„Со реализацијата на овој проект, Општина Центар ќе добие нова, модерна општинска зграда во која граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и да ги користат услугите на општината без притоа да бидат потрошени буџетски средства за нејзината изградба. Овој факт во својата изјава г. Жерновски воопшто не го спомна, што укажува на намерата за манипулирање со јавноста“ стои во реакцијата на Министерството.
Оттаму појаснуваат дека почетната цена на градежното земјиште на јавното наддавање, е утврдена согласно законските уредби.
„ Висината на почетната цена за отуѓување по пат на јавно наддавање на основната намена – органи на локална самоуправа изнесува 1.400 денари по м2, а цената на компатибилната намена изнесува 6.000 денари по м2. Согласно ова, цената за оваа локација е пресметана да изнесува 2.780 денари по м2, затоа што 70% од основната намена изнесуваат 980 денари, а 30% од компатибилната намена изнесуваат 1.800 денари што ја формира почетната цена од 2.780 денари за метар квадратен. Почетна цена по метар квадратен на јавното наддавање изнесуваше 2.800 денари за метар квадратен“ пишуваат од Министерството.
Тие потенцират дека избраниот понудувач е должен на свој трошок, во целост да го изгради објектот со намена „локална самоуправа“ и по изградбата истиот, без надомест, да го предаде во владение и сопственост на општина Центар, а наводите на Жерновски ги оценуваат невистини и шпекулации.
Како што денеска објави Фактор, компанијата „Пера Констракшн“ е избрана за најповолен понудувач за изградба на новата зграда на општина Центар. Таа на електронското јавно наддавање понуди цена од 3.080 денари за метар квадратен,а оттуѓување беше понудено градежно земјиште со вкупна површина од 7.528 метри квадратни.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





