19 Декември, 2025
0.0473

Жешки стапала – можни причини за жарење во стапалото

Објавено во: Стил 21 Мај, 2014 18:24

Добивај вести на Viber

Жешки стапала -  чувство дека Вашите стапала се многу жешки може да биде од среден или силен степен. Во некои случаи, чувството може да биде толку силно што може да предизвика и проблеми со спиењето. На жешкото стапало можат да му бидат придружени и чувства на боцкање со игли (парестезија) или отсуство на било каква сензација или и двете истовремено.

Причини

Жарењето (топлината) во стапалата може да се јави едноставно поради тоа што тие се уморни. Атлетското стапало исто така може да предизвика жарење. Топлината во стапалата може да биде и симптом за оштетување на нервите (периферна неуропатија) која што би можела да се должи на дијабетес, експозиција на определени отрови, хронична употреба на алкохол, одредени недостатоци на витамин Б или ХИВ.

Можни причини за жарење во стапалото:

- Алкохолизам - Атлетско стапало - Хемотерапија - Хронична болест на бубрезите - ХИВ/СИДА - Хипотиреоидизам - Анемија поради недостиг на витамини

Побарајте медицинска помош ако:

- Сензацијата на жарење настанала ненадејно, особено ако сте биле изложени на некаков тип на токсин

- Отворената рана на стапалото е инфицирана, особено ако имате дијабетес

Јавете се на доктор ако:

- Сензациите на жарење во стапалото продолжуваат и покрај неколку неделниот домашен третман

- Симптомите на жарење стануваат се поинтензивни и поболни

- Се појави чувство дека жарењето започнува да се шири нагоре по нозете

- Започнете да го губите чувството за осет во прстите на нозете или во стапалото

Ако симптомите продолжуваат или ако не постои некоја јасна причина за нивното појавување, тогаш е потребно да се направат тестови за да се определи дали постојат услови за развивање на периферна неуропатија.

Домашна нега

- Одморете се и испружете ги нозете - Облекувајте покомотни обувки - Бањајте ги стапалата со ладна вода

Можеби ќе ве интересира

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Тивки херои го накитија Водно: Внесоа празнична магија во природата

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се