Добивај вести на Viber
Европската комисија и ММФ влегоа во судир околу европската криза. Еве што во разговор за телевизиската мрежа „CNN“ велат Оли Рен, еврокомесар за економија и финасии и првиот човек на ММФ, Кристин Лагарт.
Оли Рен, еврокомесар за економија и финасии
Рен: Факт е дека фискалната консолидација има краткорочен ефект врз растот, но од друга страна постојат држави како Грција, Португалија, Ирска кои се затворени од финансиските пазари и немаат друг избор освен да започнат со фискална консолидација. Од друга страна, постојат држави како Белгија која пред една година година гледаше на ниво на шпанските приноси од обврзници, но по договорот за буџетот и формирањето на коалициона влада, Белгија се сметаше за сигурен рај во еден момент оваа година, и каматните стапки во Белгија се намалени за скоро 300 процентни поени. Тоа покажува дека ефектот на доверба ја одигра својата улога и во оваа смисла наодите на ММФ може да се оспорат и одвај чекам да започнеме со интензивни дискусии на годишното собрание на ММФ.
CNN: Се извинувам, наодите на ММФ може да се оспорат – зборувате за економското влијание на мерките - сеуште се отворени за толкување?
Рен: Дури и ММФ може да биде предмет на критики, тоа не е финалниот збор.
CNN: Германскиот министер за финансии е прилично критичен во врска со коментарите, тој вели не градите доверба со одење во друга насока? Постои ли поделба помеѓу креаторите на политиките во Европа во врска со справување со кризата во евро-зоната?
Рен: Јас тоа го гледам како знак на здрава дебата за политики за правилно дејствување, затоа сме овде – сметам дека она што тој го кажа е на место, во смисла дека ЕУ или еврозоната не може да прави брзи чекори, треба да се биде внимателен во врска со тоа која политика ќе се имплементира.. Во ноември ЕК ќе ја презентира следната економска прогноза и тогаш во тој контекст ќе ја изразиме нашата политика.
CNN: Дали најлошото од кризата во евро-зоната заврши?
Рен: Верувам дека имаме причина да бидеме помалку песимистични отколку во пролетта. Не ги користам обично зборовите оптимизам и песимизам, затоа што може да не одведат во погрешна насока, но сметам дека клучно сега е да го задржиме моментумот што го креиравме од летото, благодарение на многу важни одлуки од самитот на индивидуалните земји членки и Европската централна Банка, и штом ќе го одржиме моментумот, штом секоја земја членка ќе ги преземе неопходните одлуки за структурни реформи и фискална консолидација и штом целата ЕУ започне да работи со посветеност сигурен сум дека ќе ја надминеме кризата и ќе започнеме со одржлив раст и креирање на работни места.
Кристин Лагард, директорка на ММФ
Лагард: Времето е најважно за САД, затоа што се приближуваме до датумот кога фискалниот и врвот на долгот ќе бидат големи проблеми и може да имаат сериозни последици на растот на САД, што е најголемата економија во светот и има големо влијание во светот.
CNN: Многу луѓе сметаат дека ќе се постигнат очекуваните резултати на неорганизиран начин, ќе се извлечат, го делите ли овој став?
Лагард: Врз основа на нашите истражувања, ризикот не е исфрлен, луѓето може да сметаат дека ќе има сценарио дека ќе се постигнат очекуваните резултати на неорганизиран начин, но тоа постигнување на очекуваните резултати не е задоволително и сеуште постои голема несигурност во смисла на тоа какко ќе се реши на краток рок, но не само тоа туку како ќе се реши на среден рок – која е стратегијата на САД во врска со нивниот долг, во врска со нивниот дефицит – светот не знае, а светот сака да знае.
CNN: Тукушто помина четиригодишнината од колапсот на Браќата Леман, сметате ли дека глобалниот финансиски систем и многу посигурен сега отколку што беше тогаш?
Лагард: На пат е да стане посигурен, но сеуште не е посигурен. И би рекла дека тоа е сеуште мисија која треба да се постигне.
CNN: После 4 години и сеуште не е сигурен, зошто?
Лагард: Мислам дека тоа може да сеприпише на фактот дека беше толку оштетена на почеток, тоа беше голем шок за финансиските институции и требаше да помине време да се измери длабочината и тешкотиите и големината на промените кои треба да се случат – ова постепено се случува, тука е Комисијата Базел која прави многу суштинска и голема работа за да ги определи соодветните нивоа на капитал, соодветните рација за ликвидност, но сега треба да се имплементира. Од друга страна тука се банките во сенка што се развива околу високо регулираниот сектор – ова е исто област во која регулаторите треба да можат да ја завршат својата работа.
CNN: Колку сте загрижени за „банкарството во сенка“?
Лагард: Загрижена сум затоа што, ако на пример се свртите кон дериватите – постојат многу неодговорени прашања, многу прашања кои не се транспарентни, а регулаторите треба да знаат за нив.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.