05 Декември, 2025
0.0471

Жителите на Карпош и градоначалникот Јакимовски се спротивставија на идејата за зонско паркирање

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2014 20:47

Добивај вести на Viber

Најавата за ширење на зонското паркирање во Скопје  поттикна лавина од реакции на жителите на македонската метропола на социјалните мрежи, поголемиот дел од нив негативни.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ја објави инвестициската програма за 2014та година, а во неа планирано е ширење на проектот за зонско паркирање низ повеќе реони во Скопје. Автокоманда, Ново Лисиче, Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Кисела Вода, Водно, Влае и Ѓорче Петров се предвидените населби, кои според инвестиционата програма на Градски паркинг треба годинава да добијат паркинг.

Најгласни во негодувањата за ширењето на зонското паркирање низ Скопје, беа жителите на општина Карпош. Според информациите на вработените во општината, простор за паника и негодување нема.

Бесплатен паркинг за жителите на општина Карпош, вети во предизборниот период минатата година, актулениот градоначалник на оваа општина, Стевче Јакимовски.  Тој останува на ова ветување. Според надлежните од општина Карпош, градоначалникот и понатаму е со  истиот став, во Општина Карпош нема да има зонско паркирање.  Во оваа општина беше спроведен референдум на оваа тема, посочуваат од таму. Имаме 2000 нови паркинзи, 4 години интензивно работиме да обезбедиме доволен  капацитет на паркинг за сите. Нема да дозволиме некој ова да го искористи, а од тоа да прави профит, децидни се од Општина Карпош.

Според јавното претпријатие „Градски паркинг“, годинава треба да бидат отворени нови 2.130 паркинг-места, од кои 1.261 се наменети за зонско паркирање. Ако се воведе зонското паркирање во нови населби, тоа ќе биде бесплатно за станарите, а гостите ќе плаќаат од час. Новите населби што ќе станат дел од зонското паркирање ќе бидат во таканаречената „бела зона“, каде што паркирањето е најевтино и чини 15 денари од час.

Меѓутоа ние, согласно правилникот за работа, за да отвориме нови паркиралишта, треба да добиеме иницијатива или од граѓани или од општина. Потоа, на основа на тие барања се спроведува анкета со граѓаните и ако се покажат позитивни резултати, и секако, ако соодветната општина одобри, претпријатието ќе го отвори паркингот“ , вели Борче Јакимовски, директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите